Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во вторник се заканува банкрот на Грција

0
By Нова ТВ on June 26, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 26, 2015 13:56

Трет пат неделава Грција и министрите за финанции од еврозоната не успеаја да се договорат за долгот на Грција. Кредиторите се жалат на предлогот на Грција кој вклучува само зголемување на даноците, но не и намалување на трошоците. Ситуацијата веќе е сериозна со оглед на тоа дека следната недела истекува рокот на Грција да отплати дел од својот долг кон кредиторите, а постои реална опасност грчките банки да не отворат во понеделник. Светските медиуми веќе објавуваат дека на Грција во вторник и се заканува банкрот кој во моментов е се поизвесен. Такви пораки испраќаат и лидерите на ЕУ земјите, а австрискиот канцелар Вернер Фејман дури рече дека „станува јасно дека веројатно ќе треба да и бидат отпишани долговите на Грција“.

Шефицата на ММФ Кристин Лагард се пожали дека грчкиот предлог кој содржи само зголемување на даноците, но не и кратење на трошоците нема да ја придвижи грчката економија, туку само ќе ја оптерети и успори со поголеми давачки.

Германскиот министер за финансии пред триесетина минути ги изнесе своите критики во врска со грчкиот предлог. И тој го критикуваше грчкиот предлог за зголемување на даноците без кратење на јавните трошоци. Во оваа насока и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чијашто земја иако не е во еврозоната, тој, сепак, се пожали дека не било во ред сите самити на ЕУ постојано да се однесуваат на проблемите на една држава додавајќи „и јас би сакал да давам поголеми плати ама морам да штедам„.

„Кредиторите направија компромис. Веќе е јасно дека сега е на ред грчката страна да даде свој придонес во решавање на проблемот“, ова утринава го изјави портпаролот на германското министерство за финансии Мартин Јагир кој најави дека во сабота тим преговарачи од нивното министерство одат во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.