Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „Зеф Љуш Марку“ заврши скринингот, сите 68 ученици се негативни

0
By НОВА ТВ Balaban on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипите од Центарот за јавно здравје во Скопје го продолжија тестирањето во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Започна скринингот за ковид-19 на 258 ученици во средните училишта во Скопје и во училиштата во земјата, а први утринава се тестираа 68 средношколци од СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ и сите се негативни. Тестирањето во 10.30 часот продолжува во средното медицинско  училиште „Панче Караѓозов“, а денеска на ковид-19 се проверуваат и учениците во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

На учениците веќе во 8 часот денеска им се земаа брисеви од грло и од носната шуплина, а како што и беше најавено, тестирањето траеше околу една минута.

Директорот на СУГСГ „Зеф Љуш Марку“ , Фарук Зекири за НоваТВ изјави:

– Еве само што заврши тестирањето за ковид-19 на нашите ученици и добро е – сите се негативни! Се тестираа 68 од пријавени 69, а брисеви во голема сала од училиштето им земаа екипи од Центарот за јавно здравје Скопје. Учениците се вратија на настава – ни рече Зекири.

Екипите од ЦЈЗ го продолжија ковид-тестирањето во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

– Кај нас ќе се тестираат 95 ученици од прва до четврта година и за скринингот  определивме посебна просторија. Немаше никаков проблем за одзивот на тестирањето, бидејќи нашите ученици секако се проверуваат за ковид-19 кога одат на пракса – ни рече директорката Маја Салиу.

FOTO Alsat TV
Целта на скринингот, како што информираа од Министерството за здравство, е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Љубица Балабан

„Зеф Љуш Марку“ „Панче Караѓозов“ скринингот средните училишта средношколци Центарот за јавно здравје Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.