НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во земјава 650 лица се без лични документи, два модела за решение

0
By Нова ТВ on November 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Македонија официјално се регистрирани 650 лица, кои не се евидентирани и кои немаат лични документи, а со тоа ниту можност за остварување на нивите основни граѓански права.

Оваа бројка од 650 лица „фантоми“ е добиена како резултат на заедничката работа на Министерството за труд и социјална политика, Управата за водење матични книги, МВР, други надлежни институции, ОБСЕ, УНХЦР, невладини организации.

Во април бил упатен повик сите лица кои не се евидентирани да дојдат во подрачните единици на Управата и да пополнат прашалник за причините, поради кои не можеле тоа да го направат. На терен работеле и мобилни тимови кои ги рестирирале лицата без документи, а сега тие се внесени во посебен регистер во Упрсавата за водење матични книги и имаат посебен идентификациски број.

Сепак, темната бројка на лицата без документи е од 1.500 до две илјади. Проблемот со кој се соочува Макеоднија е немањето правен начин да се реши проблемот на овие лица.

За можните начини тие да добијат документи денеска се одржа дебата во Владата, насловена како „Системски решенија за регистрација на лица без документи и спречување на граѓаните да останат без државјанство“.

-Ова е проблем на фантоми, ги гледаме секој ден, поминуваме на крстосница, ги гледаме тоа се лица без идентитет, немаат граѓански статус, кој се определува со впишување на името, презимето, матичниот број, издавање на извод на родените, извод за венчани, живеалиште, престојувалиште, лична карта, пасош, државјанство и тоа го прави едно лице да биде субјект, граѓанин. За жал кај нас живеат 650 евидентирани лица  без личен идентитет. Но секој пат светлата бројка крие темна бројка, така што има околу 1.500 до 2.000 наши сограѓани кои живеат во земјата и не можат да остварат ниту едно елементарно право, истакна професорот од Правниот факултет, Борче Давитковски, кој ги презентираше двата можни модела за решавање на проблемот.

Рече дека Македонија е можеби единствена земја која правно не го уредила начинот на решавање на овој проблем.

Презентира два можни правци.

Едниот е судот во вонпарнична постапка да ги реши проблемите на овие лица, при што ќе се утврдува ден, месец, година на раѓање, име и презиме.

За овој модел, рече, дека споредено со други земји, постапката трае четири до шест години,  потребно е менување на Законот за вонпарнична постапка, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство, бидејќи е системски закон, но исто така и во контактите со претставници на судската власт не забележал желба од нивна страна и оваа работа да им се придодаде.

Вториот модел е преку измена на Законот за матична евиденција и како што појасни Давитковски, таму има одредба за упис по месец дена со утврудвање. Посочи дека Управата веќе ги има евидентирано овие лица, го има прашалникот, има многу податоци и многу полесно би можела да спроведе постапка за утврдување на идентитетот, да донесе решение и врз основа на тоа решение да се впишат во матична книга на родените.

Решение до првиот квартал на 2019

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска нагласи дека Владата треба да донесе одлука за патеката по која ќе се оди со цел во првиот квартал од 2019 година овие лица да се впишат, со што ќе се отвори патот тие да ги остварат нивните граѓански права.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар рече дека ова се случува во период на исклучително висок технолошки напредок.

-Се случува во време кога можеме сите улици да ги најдеме на Гугл мап, да ја најдеме секоја адреса, а од друга страна имаме ситуација да постојат лица кои не се евидентирани во матичната книга на родените, рече Жбогар.

Тој истакна дека е особено важно претставниците на ромската заедница да бидат вклучени на сите нивоа на овој процес.

Дејан Кладарин претставник на УНХЦР истакна дека бројот на лицата без државјанство не  е висок и тој проблем може да се надмине како резултат на поддршката на УНХЦР.

-Важен аспект е подигање на нивото на свеста за ова прашање. УНХЦР на  4 ноември ја лансираше кампањата „Јас припаѓам“, која е придружена од глобален акциски план, рече тој и напомена дека со добивање државјанство луѓето ги стекнуваат основните човекови права и чувството на припадност на заедницата.

Планирано е во глобални рамки овој проблем да се реши до 2024. – Секое лица на оваа планета има право на државјанство и право да каже јас припаѓа, посочи Кладарин.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која истакна дека во регионот на ОБСЕ е регистрирани случаи на лица без документи.

-Некои луѓе со генерации се без државјанство. Ве повикувам да ставиме крај на овој проблем, кој зафаќа неколку генерации и ние даваме поддршка во насока на неговото решавање, истакна Која на дебатата, што се одржа во Владата.

Лица фантоми лични документи решенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.