Published: Saturday, April 4, 2015 13:02
Следете ја прес-конференцијата на претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески во живо.
Партијата ги повика сите граѓани да дојдат на собирот и со свои уши да слушнат што правела власта во Прилеп.
Прес-конференцијата се одржува на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, а ова е трет град по Струмица и по Куманово кадешто опозицијата ќе презентира снимки за, како што велат оттаму, изборна измама во овие општини.



