Претседателот на ДИК, Александар Даштевски претходно во текот на денот информира дека гласањето почнало во 7 часот и сите избирачки места се отворени од избирачките одбори, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено.

-Во одредени избирачки места кои се во помал број се појавија одредени потешкотии околу ракувањето со уредите, дел од нив веќе се надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица на самите избирачки места. Во некои избирачки места каде поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, гласањето тече со оставање отпечток во хартиениот избирачки список, во кои се запишани гласачите и им се овозможува да гласаат понатаму, изјави Даштевски.