Десетици илјади граѓани од цела Македонија собрани во центарот на Скопје пред седиштето на Владата го следеа големиот митинг на коалицијата на СДСМ со граѓаните. Од бината говореа членови на партијата, граѓани-поддржувачи порачуваат „За живот во Македонија“, „Овојпат се гласа за или против криминалот“, „Ќе не биде“, „Да ја продолжиме борбата“, „Ќе го згазиме Груевски“.
Митингот започна со химната на Македонија, а на говорницата зборуваа лидерот на опозицијата Зоран Заев, кандидадтите од шестте изборни единици, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Љупчо Николопвски, Петре Шилегов. Пред граѓаните се обратија и Павле Боговески, Никола Димитров, како и неколку млади активисти на опзицијата.