Гледајте ја во живо операцијата за извлекување на бродот Коста Конкордија која се проценува дека чини околу 800 милиони долари.
Италијанската агенција за цивилна заштита соопшти дека морските и временските услови се поволни за извлекување на бродот, откако заврши бурата. Инженерите што работат на проектот, никогаш досега не се обиделе да извлечат толку голем брод, заглавен во близина на копното.
Во несреќата во јануари 2012 година, загинаа 32 патници, а пет лица досега се осудени за убиство, додека капетанот Франческо Шетино се уште го судат за убиство и за напуштање на бродот.