Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во животот не успеваат најпаметните, туку оние кои се волни да се менуваат

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 ВЕСТИ
Наде Молеровиќ Фото- Женски магазин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 19:20

Колумна на Наде Молеровиќ, мотивациски говорник

Децата би ни биле бескрајно благодарни доколку ги одгледаме и воспитаме во здрави личности кои ќе умеат правилно да се однесуваат и да комуницираат секојдневно со светот кој ги опкружува. Ќе ни бидат благодарни ако ги оспособиме како да ги искажуваат своите чувства и како да ги препознаваат истите кај другите. Полека но сигурно разбираме дека во животот не успеаваат оние најсилните и најпаметните кои имаат висок коефициент на рационална интелигенција , туку успеваат оние кои се вољни да се менуваат себе си.Емоционално интелигетна личност знае што чувствува и како да се однесува со  сопствените емоции за да донесува добри одлуки во животот. Ета, затоа сме им потребни на нашите деца да ги оспсосбиме да ги детектираат своите емоции, да ги препознаваат,да ги искажуваат соодветно на местото на времето и на приликата, да умеат да се однесуваат онака како не би ги повредиле другите околу себе, особено не луѓето кои ги сакаат. Денес во глобалниот свет успеваат оние  кои се свесни за себе си, за сопствената одговорност,за сопствените мисли, оние кои знаат дека животот е во нивните раце и се од нив  зависи, оние кои имаат развиена емпатија,оние кои умеат да слушаат, оние кои разбираат дека имаат душа.За да се одгледа и да се воспита среќно и успешно дете потребно е поседување и развивање на емоционалната интелигенција, инетелигенцијата со срце и емоционалните вештини.  Училиштата за жал не нудат вакви знаења кои ним толку очајно им се потребни. Потребни им се ментори, родители, наставници, тренери кои самите се емоционално писмени ,обучени со применливи техники како да се справуваат со различни емоции кои ќе им помогнат во решавање проблеми, контакти и соработка со други луѓе, донесување на вистински одлуки и препознавање на можности и избор. Некаде во САД учениците имале изборен предмет емоционална писменост еднаш во неделата. Од анализата и евалуацијата на резултатите, постигнатите ефекти кои се мереле после некое време се заклучило дека тие деца постигнуваат повисоки резултати, посреќни се, помотивирани и водат успешен и задоволен живот. Ако порано се вреднувала рационалната интелигенција колку брзо некој ќе успее да го најде излезот од лавиринотот, денес многумина сметаат дека многу поважно од пронаоѓањето на излезот е како човекот ќе се справи со сопствените емоции доколку не успее да го пронајде од прв пат, како да прави обиди , уште еднаш и уште еднаш, и какви одлуки ќе носи.Емоционалната интелигенција е всушност сопсобност за контрола на сопствените нагони, сопсобност да се управува со нив дури и тогаш кога не се чувствува баш најсреќно. Емоционално интелигентната личност секогаш е мотивирана, полна со ентузијазам , оптимизам и тогаш кога не се постигнуваат успеси согласно поставените цели. Да се препознаат и туѓите чувства е највисокото ниво од емоционалната писменост, да се соживее со туѓата несреќа или неуспех. За жал, денес училиштата и училниците се полни со деца кои се чувствуваат несреќни, навредени, незадоволни и тажни, изложени се на потсмев од другарчиња кои не знаат, не умеат да препознаат какви емоции и тага носат ваквите однесувања.Тоа е секојдневие, искажување на сопствените мисли и емоции се сметаат за израз на слабост, не е кул да бидеш емотивен,срамно е да си тажен, паметен….Затоа децата денес кога ќе побарате јавно да зборуваат на одредена тема многу тешко се осмелуваат јавно да зборуваат, се од стравот дека некој ќе ги исмева. Какви извртени вредности се на цена? Добро би било кога родителите од најрана возраст во нивниот начин на воспитување потикнуваат развој на чувството за лична вредност, почит кон другиот, разбирање и сочуство за страдање на другиот, трпеливост и љубезност, толеранција и љубов. Денес најголем проблем се размазените деца чии родители го изгубиле сопствениот авторитет и респект и на своите деца не умеат да им кажат не!.Кога ќе му кажете не , му давате можност да се соочи со сопствените фрустрации и разочарувања, го учите да биде трпеливо и да ги контролира сопствените пориви.Ако на децата им купувате се што ќе посакаат им ја ускратувате можноста за раст и развој, па така со текот на времето ќе се чувствуваат несреќно и депресивно. Често прашувајте го детето Како се чувствува? Ако вие сте лути кажете му дека се чувствувате така.Именувајте ги вашите емоции, немојте да глумите дека сте среќен, ако не сте, така ќе го овозможите тоа да ги препознава и да учи. На пример, направите скала на емоции во која ќе изразите ликови на среќа, тага и неутрално чувство и учете го детето да ги искажува во текот на денот или да објасни во кои ситуации се чувствувале така или онака. Најтешката лекција на која треба да ги научиме децата е да не ги поштедуваме од негативните емоции. Поради неизмерната љубов која ја имаме често мислиме дека правиме добро ако ги поштедиме од “негативните емоции” кои најчесто ги прават тажни. Родителите кои ги пишуваат домашните задачи наместо нивните деца не дозволуваат тие да погрешат, а со тоа се праќа погрешна порака. На детето му треба подршака и помош,а , не да се превземе целиот товар на себе  како би го заштитиле од страдање и грешки. Ние треба да направиме детето да се справува со своите негативни чувства. Како? Кога од мали ќе ги учиме да ги искажуваат своите емоции, ако ги научиме дека препреките и грешките се дел од патувањето до успехот и среќата. Ние сме одговорни за нашите деца.Ние сме одговорни за нивното детство, за нивните сопмени и сеќавања.Сетете се само на кој начин вашите родители оставиле белег на вас.Работете на себе , сетете се што ви пречело во воспитувањето и однесувањето на вашите родители , и обидете се да го промените тоа, затоа што само на таков начин ќе бидете подобри родители и подобри луѓе.Заблагодарете се на своите родители за сите корисни и прекрасни лекции за воспитувањето.Отворениот разговор е најдобриот начин детето да ги  изрази своите чувства, прашајте го што мисли за вас како родител?Дали му искажувате доволно љубов? Што го прави среќен? Одговорите можат да ве изненадат, но тоа е единствениот начин вашето дете да разбере колку вие се трудите да бидете добар родител. Потоа ќе се случи тоа вас да ве праша , а дали сум ти јас добро дете? Како можам да бидам подобар кон тебе? И тогаш душата се буди и се стреми да ја возврати љубовта.

Денес барем за миг , застанете и прегрнете го сопственото дете, прегрнете го со душа, прегрнете го без да му кажете со збор “Те сакам”. Повторете го тоа неколку пати во текот на денот. Ние сме тука да им помогнеме, а зошто другите се овде , не знам!!

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.