Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вода со канабис за релаксација на граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on December 4, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 4, 2019 17:38

Релакс водата во чиј состав има канабис веќе се продава на рафтовите во еден ланец на маркети, а може да се набави и со еден клик на интернет 

Вода за пиење која во својот состав има канабис од неодамна може да се види на полиците во еден ланец  на маркети. Водата се продава во фрижидерите и рафтовите заедно со другата вода на дофат и на деца, но може да се купи и он-лајн преку интернет.

На самата амбалажа со крупни букви пишува дека овој енергетски производ  е за релакс и дека содржи канабис. Се заинтересиравме да видиме колкав процент на канабис во себе содржи оваа вода која е наменета за релаксација и во колкава количина во својот состав има ЦБД, но такво објаснување нема.

За да биде појасно,  за ЦБД се вели дека покрај при состојби на анксиозност, помага кај нервози, депресија, мускулни спазми, кај гадење и повраќање особено при хемотерапија кај болните од рак, ублажува  болка , а се применува и кај малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични напади во детска возраст.

Во позадина на амбалажата со ситни букви покрај другите елементи од составот е наведено дека содржи „мултифрут екстракт од семе од коноп“.  Никаде не е назначено дали и во кој процент содржи ЦБД бидејќи само тоа е дозволено за употреба, кој го контролира составот и дали гарантираат дека во својот состав нема психоактивната супстанца ТХЦ, или траги од истата. Ова особено, што според експертите овие две супстанци при производството на екстракт тешко се одвојуваат една од друга.

Го купивме производот кој за разлика од другата вода е двојно поскап бидејќи станува збор за енергетски производ.  На каса продавачката се насмеа и кратко праша:

„ Ќе се релаксирате?“

Во продавницата ни потврдија дека производот донесен од скоро и луѓето се уште не знаат за него. За тоа дали ќе го купуваат деца, тие велат дека немаат никаква одговорност.

НОВА го побара директорот на компанијата која што ја произведува и продава водата, за да прашаме за суштинските дилеми наведени погоре, како и тоа од која фирма го купуваат екстрактот. Тој не одговори ниту на телефонскиот повик, ниту на СМС пораката.

НОВА се обрати и до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како институција која ги издава дозволите за производство и промет и врши контроли. Ги прашавме дали и кога имаат издадено одобрение за производство и промет на оваа вода, како “енергетски пијалак” кој во себе содржи канабис? Дали пуштањето во производство и промет на овој производ е во согласност со законските норми и со кој Закон е предвидено тоа. Иако беше нагласено и замолено одговорот да го пратат до 16 часот, до објавување на текстот одговор од АХВ не добивме.

Инаку, добро упатени извори во оваа проблематика велат дека Законот за храна и ветеринарство дозволува пуштање во промет на ваков тип на производи( вода, колачиња), но дека тоа мора да биде строго контролирано(се мисли на составот), како и тоа да се внимава што стои на амбалажата за да не се доведат во заблуда граѓаните. Во составот никако не смее да има траги од психоактивната супстанца ТХЦ која може да се употребува само во маслото за медицински цели и тоа со рецепт од лекар специјалист и само за одредени болести.

Нашите извори велат дека екстрактот го прават фирмите кои што се занимаваат со производство на канабис, а сега почнале да го продаваат за релаксација на граѓаните.

Наскоро, информираат нашите извори, во фаза е и пуштање во промет на кафе кое во себе ќе содржи канабис.

Во државата има 37 фирми за одгледување и производство на канабис за медициснки цели, а уште 20 чекаат дозволи за работа. Тие постојано реагираат да се донесе Законот за психоактивни супстанци бидејќи не можат да го извезуваат цветот од марихуаната. Во меѓувреме додека марихуаната им стои складирана и чека на извоз, очигледно некои од нив наоѓаат начин како да си отворат пат за продажба на друг вид екстракт во домашните компании.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.