Деновиве водата во градскиот водовод во Струга е заматена, со жолтеникава боја и непријатен мирис.
Граѓаните стравуваат за своето здравје. Се жалат плаќаат високи сметки, а се принудени да купуваат вода за пиење, објавува Канал 5 ТВ.
Од ЈП “Проаква” признаваат дека водата e заматена. Причина биле дождовите , кои предизвикале одрони во каптажите во Горна Белица. Но уверуваат дека водата е безбедна за пиење.
– Тоа заматување не е прв пат туку последниве четири пет години ова се повторува. Преземени се мерки горе се работи на градежни зафати а службата од сите мрежи ги испушти хидрантите и исчистена е мрежата. Земена е анализа од вода. Водата е физички загадена, но бактериолошки не е загадена така што не треба граѓаните да стравуваат, изјави Јонче Докоски од ЈП “Проаква”.
И додека од ЈП “Проаква” тврдат дека водата е безбедна за пиење , тие самите во претрпијатието купуваат и пијат амбалажирана вода.




