Во Белград денеска се одржува воена парада – „Силата на единството“ по повод одбележување на Денот на српското единство, слобода и националното знаме.
Министерството за одбрана соопшти дека на парадата ќе бидат ангажирани околу 10.000 учесници, ќе бидат прикажани околу 2.500 оружја и воена опрема, повеќе од 600 возила, 70 авиони и 20 пловила.
Во ешалонот на воздухопловните единици учествуваат сите видови авиони како што се МиГ-29, „Орел“, Ц-295 КАСА, Ми-35М и Х-145. Меѓу бројното оружје и воена опрема, ќе бидат прикажани противвоздушни ракетни системи „ФК-3“ и HQ-17, модерни радари ГМ400, оклопни борбени возила „Милош“, „МРАП“, „Лазар 3“, „Хамер“ и БОВ ОТ.
Прикажани се и повеќецевниот ракетен фрлач со долг дострел PULS, набавен од Израел, беспилотни летала од таа земја, беспилотни летала и руски системи за антиелектронско војување и блокирање беспилотни летала „Красуха“ и „Репелент“.
На парадата се ешалони од единици од сите родови и служби во српската армија, кадети од Воената академија, единици на возила и пловила од речната флотила.