Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воја Жанетиќ: Мал речник на информирањето

0
By Нова ТВ on April 28, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 28, 2021 07:11

Пишува: Воја Жанетиќ

Нештата понекогаш изгледаат премногу едноставно. Да речеме, она околу информирањето.

Идејата за информирање се темели на одамна создадената претпоставка дена ние, луѓето, сме во основа неинформирани суштества, потоа се објавува информација за нешто што сѐ уште не го знаеме и ние потоа стануваме информирани. Што би се рекло, сме обрнале внимание, па потоа наше е што ќе правиме со тоа. Да го додадеме и тоа дека, да се биде информиран е само почетното скалило во процес кој подразбира дека, по завршувањето на информирањето, нешто може и да се познава, знае, разбира, изучува, применува, подучува…

И тоа, веројатно, би било сѐ околу информирањето? Епа не е. Да тргнеме по ред.

Дезинформирање

Колку што луѓето се информираат за нешто, толку се информираат и за спротивното. Дезинформирањето е лажење, да го скратиме објаснувањето на првиот збор од нашиот речник. И нема ништо ново да се каже за него. Освен што, гледано од денешна перспектива, најпрво се појавила лагата, па дури потоа и вистината. За комуникацијата да има каква било смисла.

Разинформирање

Збир на активности што им овозможуваат на информираните да заборават сè за што претходно биле информирани. Во медиумска смисла, ова значи апсорпција на содржини што или немаат никаква информација во себе; или имаат, но се апсолутно неважни или неприменливи за обичниот живот. Реални шоуа, животот на славните, примери од уредување туѓи куќи, градини и слично, нови модели на прескапи автомобили… Разинформирањето (или безинформирање) претставува бегство од заморните вистини, ако е намерно. И заборав, ако не е. Ова е параинформирање, ако сакаме да бидеме баш прецизни.

Деинформирање

Пренасочување на информациите така што додаваме нови информации, кои ги менуваат предусловите, значењето и значењето. „Оние што крадеа нè обвинуваат за кражба!“, „Оваа таканаречена афера го свртува вниманието од…“ и слични „ти ќе ми кажеш“ слогани се користат за да ја направат несомнената информација многу посомнителна и непријатна за паметење или понатамошно пренесување. Спин е зборот со кој повремено се објаснува деинформирањето. А спин да го знае зошто.

Преинформирање

Паралелно со пандемијата, забележана е и инфододемија, болест на современиот медиумски корисник. За сè дознаваме сè, и на крајот излегува дека или не знаеме ништо, или го знаеме претежно она од што немаме никаква корист. Социјалните мрежи, порталите, пребарувачите, групите за пораки, електронската пошта, плус сите други медиуми што ги имавме, сите се ставени во функција на создавање илузија дека сме информирани. Всушност, кога ќе се подвлече линија, ние само ги гледаме или слушаме информациите. И ништо повеќе. Во таа смисла, и она што го читате сега е сосема веројатно преголемо количество информации за информирањето. И во таа смисла, да кажеме уште нешто.

Реинформирање

Вакцините се добри, не се користат за да  нѐ чипираат. Вирусот не е создаден да нè убие сите нас. Бил Гејтс е премногу богат, не е премногу моќен. Авионите испуштаат претежно водена пареа кога летаат и не нѐ запрашуваат со ништо. Мобилната телефонија не убива со своите 5G зраци. И да, овој текст не е нарачан од групата Билдерберг.

Реинформирањето е планетарен процес на добивање информации за работи што веќе ги знаеме, на таков начин што тие веќе (или повторно) нема да се доведуваат во прашање од нови лажни вести на таа тема. Со оглед на поплавата од таканаречени информации, реинформирањето наскоро ќе стане задолжителен предмет во основните и средните училишта.

И на крај: Информирање

Збирот од сите претходни информации дава доволно целосна слика за тоа што е информирање денеска. На сето ова, треба да ја додадеме и важната информација дека оние кои би сакале вистински да нѐ информираат се далеку помалубројни од сите оние кои секоја информација со задоволство би ја обработувале, доработувале, преработувале, осуетувале или обезвреднувале; а во согласност со интересите за кои ние останатите, во најголем дел, немаме информации. Во ова наше транзициско локално Опкружување, навременото и вистинито информирање е повеќе идеал за кој повремено сме информирани, отколку активност со која редовно се занимаваме. Што е информација која сигурно веќе ја знаеме, ама се преправаме дека сме неинформирани.

Ете, за тоа сакавме да ве информираме.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.