Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војна за вино: Македонија најавува реципроцитет на хрватските мерки

0
By Нова ТВ on February 15, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 1 јануари годинава во Хрватска на сила стапи нов правилник за увоз на вино од трети земји со кој се воведуваат дополнителни услови, т.н. нетарифни бариери за увоз на вино.

Во оваа група на земји е и Македонија, со што цената на македонското вино се зголемува и е помалку конкурентна на тој пазар.

Според новиот правилник меѓудругото се пролонгира периодот на ставање на увезеното вино во промет, односно најмалку 32 дена од царинење до издавањето на дозволата за пуштање во промет. Освен тоа се зголемуваат и барањата за дополнителни анализи и заштита на животната средина. Со ова се зголемува цената на виното. Оваа мерка е донесена за заштита на домашното производство.

Македонските винарски визби веќе побарале од македонските власти да реагираат на овие неочекувани нетрговски бариери. Од македонското Министерство за земјоделство велат дека веќе побарале објаснување за новите одредби и додаваат дека се размислува и за воведување на реципрочни мерки за увезените производи од Хрватска.

-Ние веќе стапивме во контакт со хрватското Министерство и имавме средба со амбасадорката на Хрватска, за да ни објаснат,  да видиме за што точно станува збор, по која регулатива е тоа донесено и потоа ќе изградиме став, но откако ќе го слушнеме и официјалниот став од хрватското министерство за земјоделство. Ние сега прво ќе разговараме и ќе им образложиме дека тоа е на штета на договорот за стабилизација и асоцијација, а посебно и за билатералните односи со Хрватска. Ако постои такво нешто во некоја регулатива која што суштински значи со нетарифна бариера пречка за извоз на македонски производи конкретно за виното, тогаш и ние ќе ги преиспитаме нашите позиции и односите со Храватска, доколку има ограничување во однос на трговската размена, вели заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски за Фактор.

Македонија во Хрватска извезува 17 милиони литри годишно или 24,2% од вкупната вредност на извезено вино. Вредноста на овој извоз е 11,2 милиони евра. Хрватска е втора земја после Србија во кои извезуваме македонско флаширано вино и трета после Германија и Србија во кои извезуваме македонско наливно вино.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.