Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Војната во Украина ќе ја продлабочи економската криза во Западен Балкан, алармираат експертите

0
By Biljana on February 28, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: marketequip.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа и Западен Балкан се на прагот на една голема економска криза предизвикана од актуелната воена состојба во Украина, алармира универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ.

Осврнувајќи се на актуелната воена криза во Европа, Јовановиќ рече дека војната помеѓу Украина и Русија ќе генерира уште поголема економска криза од онаа во која не „втурна“ пандемијата со Ковид-19.

„Следи уште поголемо поскапување на цените, што веќе се забележува. Цената на нафтата е највисока во последните неколку години и се забалежува пораст од 30 отсто на европските пазари. Се повеќе се забележува степенот на инфлација во Северна Македонија кој достигна близу 7 проценти во последните месеци“, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии кој беше дел од панелистите на денешниот форум „Влијанието на Ковид-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“ во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Јовановиќ додаде дека фактот што Русија која е четврт по големина инвеститор во Западен Балкан, ќе значи помал извоз и помалку инвестиции во земјите од регионов.

Јовановиќ алармира дека инфлацијата ќе се продлабочува, каматните стапки ќе растат, а ќе се зголемува и јазот помеѓу богатите и сиромашните. ЕУ, вели, дури 40 отсто од природниот гас го увезува од Русија, што значително ќе се намали, а цените ќе се зголемат. Тој вели дека Северна Македонија, како и Европа, ја очекува еден вид на стагфлација, односно продолжен период на инфлација, како во времето на 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

Искуството од пандемијата со Ковид-19 покажа дека никогаш не може да се спречи економската криза, но она што Владите може да го направат, според Јовановиќ, е да преземат итни мерки.

„Владите треба да го зголемат трошењето на финансии, но и да ги регулираат цените. Северна Македонија и Србија веќе почнаа да ги регулираат цените на основните прехранбени прозводи, а дел од земите во ЕУ ги регулираа и цените на енергенсите. Сите овие мерки бараат пари, Владите мора да обезбедат пари да ги спроведуваат овие мерки, а тоа може да се направи преку оданочување на богатите и преку задолжување“, вели Јовановиќ и додава дека помошта која ќе ја дава Владата треба да биде насочена кон малите компании кои генерираат помал профит, а не кон оние кои се профитабилни и не го чувствуваат во иста мера ударот од кризата.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во видео порака,  рече дека ранливите групи во време на Ковид пандемија биле голем предизвик за Владата и токму преку пакет мерките за помош за справување со ковид-кризата били опфатени не само најзагрозените категории на граѓани, туку и младите и граѓаните со мали приходи.

„Преку мерките кои го скрои Владата и помогнавме на економијата и ги зачувавме работните места. Им помогнавме на фирмите да ги задржат вработените и да опстанат во услови на криза“, рече Битиќи.

Според него, Ковид пандемијата не научи дека локалните и националните проблеми во услови на криза, стануваат и глобални проблеми. Тој вели оти државите од Југоисточна Европа треба заеднички да работат во доведување на нивниот синџир на снабдување поблиску до границите на ЕУ.

„Државите во Југоисточна Европа, особено шесторката од Западен Балкан треба да работат кон тоа да го доведат синџирот на добавувачи блиску до границите на Европската Унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се докажаа дека не се одржливи, треба да гледаме кон регионална конкурентност, а не кон создавање на регионална конкуренција, со цел да создадеме пазар што ќе компензира за и ќе ја подобри додадената вредност поради близината на синџирите на добавувачи“, нагласи Битиќи.

На форумот посветен на влијанието на Ковид-19 врз економијата во регионот на Западен Балкан, домашни и експерти од регионот зборуваа за актуелната состојба со влијанието на Ковид-19 врз економијата, особено врз социјалната економија и начините како одделни земји се справуваат со неа.

Форумот беше дел од регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ што го спроведуваат Партнерс Албанија за промени и развој, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Центарот за граѓански иницијативи, Центарот за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондацијата за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Балкан траст фор демокраси, проект на Џерман маршал фонд на САД и УСАИД.

(Б.Божиновска)

Бранимир Јовановиќ економска криза МЦМС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.