Амбасадорот на САД во земјава, Пол Волерс ја пофали иницијативата на ДУИ за надминување на спорот околу името.
Повод за ова се посетите на вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими во Атина и онаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Вашингтон и Њујорк, а кои Волерс ги оценува како позитивен чекор кој може да придонесе за решавање на проблемот околу името.
,,Мислам дека какви било состаноци поврзани со односите на Р. Македонија со нејзините соседи или пак со прашањето за името се корисни и продуктивни. Г-динот Бесими, како што самиот кажа, во Атина беше во својство на вицепремиер задолжен за евроинтеграции и тоа беше соодветно. Мислам дека секоја дискусија која го придвижува процесот е од помош. Станува збор за прашање кое, како што реков, подолг период сакаме да го видиме решено и продолжуваме да го поддржуваме процесот во ОН и се надевам дека проблемот ќе биде решен“, рече Волерс.