Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Волерс: Изборите ќе бидат тест за демократијата во Македонија

0
By Нова ТВ on February 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 28, 2014 15:41

– Ова е интересно и возбудливо време за Македонија бидејќи се ближат избори. Но важно е да се напомене дека ова е тест, за вас како граѓани на Македонија. Светот внимателно ќе гледа на вас бидејќи вашата земја се подготвува за голем експеримент – демократијата – да се спроведат слободни, фер и транспарентни избори. Правото да се даде својот глас без притисок или заплашување од некоја партија, тајно, и да се изброи тој глас е можеби основното искуство за граѓанство, рече амбасадорот Пол Волерс во своето обраќање пред ректорот Амети и студентите во Државниот универзитет во Тетово.

САД ја поддржува Македонија и работи со неа од 1993 година, безрезервно за да и помогне на земјата во економскиот и демократскиот прогрес, нотирајќи дека токму изборите мора да бидат спроведени на фер и демократски начин, како еден целокупен тест за демократијата, изјави Волерс.

Тој предизборните кампањи ги опиша како форма на концентрирана демократија во чиј краток период демократските принципи се ставаат на тест.

– Кампањите се натпревар на идеи. Натпреварувачите во овој случај мора да имаат еднакви шанси за да ги презентираат своите идеи на луѓето, и „да им се суди“ според заслугите, се обрати Волерс.

– Што ова значи за Македонија додека се подготвувате за изборите? Кога ќе погледнеме во минатото, во однос на демократијата, дали имало еднакви шанси?

Според него, извештајот од ОДИХР за локалните избори во 2013 дава охрабрувачки вести, како и полиња на кои треба да се работи. ОДИХР заклучи дека „локалните избори во 2013 година биле ефективно спроведени и натпреварувачки“. Сепак, кога се работи за еднаквоста и правичноста, извештајот нотира неколку прашања: „Необјективното покривање од медиумите…кои не донесоа еднакви можности за натпревар на кандидатите“.

– Ова е важен заклучок и ве поттикнувам да размислите што всушност значи. Улогата на медиумите и поделбата помеѓу државата и партиските активисти се клучни индикатори за правичноста на изборите, посочи американскиот амбасадор.

Според него, здравата демократија мора да има независни медиуми, ослободени од надворешно влијание кои ќе одржуваат линија помеѓу Владата и политичкиот активизам.

– Извештајот исто така дава јасни индикации каде стои проблемот со правичноста. За улогата на медиумите, извештајот вели: „Иако медиумите набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР“ обезбедија доволно покривање на кампањите во вестите, јавниот сервис и повеќето приватни сервиси прикажуваа во полза на владините партии. Извештајот наведува дека затворањето на некои медиуми доведоа до намалување на критика, до небалансирано рекламирање, окарактеризирано со високо ниво на владино рекламирање и необјективност, објасни Амбасдорот на САД во Македонија.

Цитирајќи го извештајот, Волерс напомена дека „јавниот сервис предвиде слободно време за кандидатите, и креираше специјална програма за покривање на активностите од кампањите“, но дека тоа не се случувало во ударно време, со што се намалува потенцијалот за гледаноста.

– Важно е да се знае дека овие анализи не доаѓаат само од ОДИХР туку и од луѓето низ Македонија, некогаш гласно, некогаш во приватен разговор, дека медиумскиот пејсаж е надвор од баланс, рече тој во своето обраќање.

Според него, со цел да се обезбеди здрав медиумски пазар, што е основа за цврстата демократија, комерцијалните медиуми треба да одржуваат финансиска независност, и дека секој медиум кој зависи од владина поддршка не е воопшто независен.

Повикувајќи се на извештајот тој додаде дека имало проблем и во оддржувањето дистинкција помеѓу владините активности и партиската кампања.

Волерс потсети дека владините работници во една демократија се службеници на јавноста а не политички актери.

– Употребата на позицијата за интересите на партијата, е потценување на довербата и демократијата, заклучи тој, и ги повика владините работници да работат за народот а не за партиската агенда.

Волерс вели македонските граѓани стојат пред предизвикот за да ја оформат демократијата, со тоа што ќе се изврши притисок врз кандидатите да одговорат на прашањата покренати од ОДИХР и другите меѓународни организации, и ги повика соптвениците на медиумите и уредниците, да обезбедат фер платформа за натпревар на идеи, како и да ги поканат политичарите да ги презентираат своите идеи, и да вложат напор да се емитуваат вести без субјективност, со стандардите на професионалното новинарство.

– Владата мора да им служи на граѓаните, а граѓаните не смеат да бидат под притисок да служат за интересите на државата.

Тој ги охрабри граѓаните да работат за рамнотежа, да ја отфрлат припадноста и да се заложат за еднакви шанси за сите, и дека тоа е желбата на Америка за сите граѓани на Македонија без разлика за кого ќе гласаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.