НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредни избори во Турција: Ердоган е фаворит, но со голем прашалник

1
By Нова ТВ on June 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Турција денеска се одржуваат вонредни претседателски и парламентарни избори, на кои право на глас имаат 56 милиони регистрирани гласачи.

Ова ќе бидат први избори одржани во вонредна состојба, која е воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, и откако на 16 јули лани, на референдум беше изгласано воведување претседателски систем во земјата.

Според листата со кандидати за предвремените претседателски избори во трката има шест кандидати: Догу Перинцек, Мерал Акшенер, Мухарем Инце, Ердоган, Селахатин Демирташ и Темел Карамолаоглу.

Новиот претседател на Турција ќе има широки овластувања што ги предвидува претседателскиот систем на управување со државата во која веќе нема да има позиција премиер.

Кандидатот на најсилната опозициска Народна републиканска партија е Инце, а не лидерот Кемал Килицдароглу, кој е најгласниот опонент на Ердоган.

Мерал Акшенер

Акшенер е кандидат на опозициската ИYИ, која е лидерка на релативно нова политичка опција.

Таа за кандидатурата собра 100.000 потписи, за разлика од Ердоган и Инце, кои ги кандидираа пратенички групи во Парламентот.

И лидерот на опозициската Саадет партија Карамолаоглу ги собра потребните 100.000 граѓански потписи за кандидатура.

Опозициската Народна демократска партија го кандидираше лидерот Демиртас, кој заедно со уште 13 парламентарци, од крајот на 2016 се наоѓа во притвор под обвинение за поврзаност со Работничката партија на Курдистан.

И опозициската Ватан партија ги собра потребните граѓански гласови и за претседалексите избори го кандидираше лидерот Перинцек.

За победа на претседателските избори кандидатот мора да освои надпросечно мнозинство гласови, а во случај тоа да не успее ниту еден кандидат, за 15 дена ќе биде одржан втор круг, во кој би влегле двајца кандидати кои имаат најмногу освоени гласови во првиот круг.

Фаворит за претседателската функција е актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган, кој речиси 16 години победува на сите избори на кои учествувал.

Познавачите на политиката во Турција тврдат дека политичкиот јаз во земјата е поголем од кога и да било, и доколку Ердоган победи на претседателските избори, се верува дека тоа ќе биде врв на неговата политичка кариера.

Меѓутоа, доколку денеска Ердоган не победи на претседателските избори уште во првиот круг и биде приморен да оди во втор круг, тоа би можело да биде темна точка на неговата успешна кариера, сметаат аналитичарите.

Во долгата политичка кариера Ердоган претрпе голема трансфромација.  Од 2004, кога белгискиот Јуропиан војс го прогласи за „Европеец на годината“ до денес тој се претвори во нешто сосема спротивно на тоа, а неговите критичари, пред се опозицијата, предупредуваат на неговата авторитарност.

Авторитарноста и вртењето грб на Европката унија се повеќе се критикувани од страна на европските функционери, кои го обвинуваат Ердоган дека намерно ги кочи пристапните преговори, додека пак, Ердоган тврди дека Турција вече 5 децении чека пред вратите на ЕУ и дека турскиот народ е уморен од бескрајните преговори за членство.

Според неговата предизборна кампања, тој никогаш не бил поагресивен. Некои експерти сметаат дека Ердоган никогаш досега не направил толку грешки, па затоа некои и се сомневаат дека може лесно да победи.

Предизборните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Ердоган би добил меѓу 45 и 55 отсто од гласовите, но реалноста според експертите е малку поинаква. Во Турција владее страв од владеењето на Ердоган и некои очекуваат дека при тајното изјаснување, Ердоган би добил околу 10 проценти помалку гласови.

Проблемите поголеми од рејтингот на Ердоган

Наводно намалувањето на поддршката се темели на се поголемиот број проблеми во Турција.

Во последните 15 години, просечниот годишен приход во Турција е зголемен од 3.500 на 10.000 долари по глава на жител, а земјата доживеа градежен бум.

Но турската економија во моментов се соочува со голем број проблеми, особено по неуспешниот државен удар и вонредната состојба. Турската лира изгуби речиси 30 отсто до вредноста, речиси и да нема странски инвестиции, а довербата во турската економија опаѓа.

Покрај тоа, Турција е на четвртото место на земји со највисоки каматни стапки- по Аргентина, Венецуела и Иран.

Аналитичарите тврдат дека првпат Ердоган не постигнал нови успеси, односно веќе не е во состојба да управува со економијата на земјата. Проблеми има и во здравството и во образованието.

Осум партии во две коалиции

На парламентарните избори учествуваат осум партии обединети во две предизборни коалиции.

Едната е Народна алијанса (или Републиканска алијанса) составена од владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата на национално движење, а неофицијално е поддржана од Партијата на големо единство.

Другата коалиција е Сојуз за нацијата, составена од главната опозициска Републиканска народна партија , Добра партија и Партија на среќата, а неофицијално ги поддржува Демократската партија.

На изборите покрај партиите од двете големи коалиции учествуваат и други три партии – турската прокурдска Народна демократска партија и Татковинската партија и Партијата Худа-пар.

Во согласност со законските измени, турскиот Парламент во иднина ќе има 600, наместо 550 пратеници.

Претседателот и пратениците се бираат со мандат од 5 години.

 

избори Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025

Макрон за Путин: Тој е предатор и чудовиште / Реагираше Москва

August 30, 2025

69-мина мигранти загинаа во бродолом кај Мавританија

August 29, 2025

Академски пленум: Вучиќ креира паралелно здружение „Професори 2.0“

August 29, 2025
ФОКУС

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

ВЕСТИ August 31, 2025

Овој 1. септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот…

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

August 28, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.