Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонредно собрание на Фершпед и обвинувања за криминал на адреса на Штерјо Наков

0
By Нова ТВ on December 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2013 18:26

Дел од странските акционери го обвинуваат Штерјо Наков за криминал во Фершпед. Правниот застапник на една од компаниите која поседува 35 отсто удели за утре свика вонредно собрание на акционерите на Фершпед со намера да го смени Наков и неговите синови од управните одбори. Ви го пренесуваме соопштението кое во име на компанијата QWEST INVESTMENT го испрати нивниот правен застапник Венцислав Гушев.

-Во името на носителите на пакетот акции од 35 % како и подносители на барањето за вонредно собрание, сакаме да Ве информираме за сознанијата до кои дојдовме за досегашното нетранспарентно работење на господинот Штерјо Наков и неговите синови, кои предизвикаа сериозни оштетувања на акционерскиот капитал. Сакаме да напоменеме дека како сериозен долгорочен странски инвеститор купивме акции во Фершпед А.Д. Скопје заради остварување на профит преку работењето на компанијата и делењето на дивиденда во истата, при што својот профит не го гледавме врз база на шпекулативно берзанско тргување.

Нераспределанта дивиденда од 1.676.000.602,00 денари, односно 27.262.000 евра со дата 31.12.2012 година не наведува дека финансиските позајмици на фирмите ќерки на Фершпед А.Д. Скопје, на други правни лица како и на физичките лица, роднинско – пријателски поврзани со претседателот на надзорниот одбор господинот Штерјо Наков биле вентил како се испумпуваат средства од компанијата или дивидендата на акционерите, за што поседуваме обемна документација, која што ќе им биде доставена на сите акционери. Заради истото, а согласно новите законски одредби во Законот за трговски друштва, побаруваме на дневниот ред на собранието под итно да се ангажира овластен независен странски ревизор да го испита досегашното работење на компанијата.

Дополнително на претстојното вонредно собрание закажано на 10.01.2014 година ги предлагаме следниве мерки:
– Именување на нов надзорен одбор, во кој ке бидат вклучени претставници или членови на најголемите акционери во компанијата;
– Распределба на 80 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 22.030.000,00 милиони евра или 1.354.842.400,00 милјарда денари и тоа на следниот начин :
а) Распределба на 40 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 11.015.000,00 милиони евра или 677.421.200,00 милјарда денари, поточно нето исплата на акција по 37.400 денари или 608 ЕУР со исплата во готово, по точно утврден дивиденден календар, предложен и утврден на закажаното вонредно собрание, чија што распределба нема да го поремети тековното работење на компанијата ;

б) Распределба на 40 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 11.015.000,00 милиони евра или 677.421.200,00 милјарда денари, при што секој носител на акција ќе добие 1 (една) акција плус, по пат на нова емисија на акции, заради реално вреднување на потценетата вредност на акцијата на Фершпед А.Д. Скопје;
– расправа за испумпување на средства од компанијата, по пат на дадени позајмици на физички и правни лица во висина од 1.102.631.000,00 денари или 18.000.000,00 евра, од кои има дадени позајмици постари и повеќе од 5 години, кои до ден денеска не се вратени;
– расправа за вложувањата во ќерките фирми на компанијата, а дел од истите се продадени за 10 пати помал номинален износ, без одлука на надзорен одбор, што е спротивно на одредбите од статутот на компанијата;
– расправа за отпишаните позајмици на физички и правни лица во висина од cca 5.500.000,00 ЕУР заклучно со датум 31.12.2012 година;

За да се спроведат сите предложени мерки, ја бараме Вашата подршка. Воедно би истакнале дека со предложените промени Фершпед А.Д. Скопје ќе стане компанија која ќе ги земе во предвид интересите на сите акционери, а не само на одредени поединци од семејството.

ЗАКЛУЧОК :
Би сакале со 1 ( една ) реченица да Ви објасниме колкава е нашата заедничка моќ.
Ние, 436-те акционери заедно поседуваме 75 % од акционерскиот капитал на Фершпед А.Д. Скопје, додека семејството Накови поседува само 25 %, при што господинот Штерјо Наков и неговите два сина се однесуваат со капиталот на Фершпед А.Д. Скопје како да е фамилијарно наследена компанија (целосно функционирање на истата како да е А.Д. со еден единствен акционер), се вели во соопштението кое во име на компанијата QWEST INVESTMENT го испрати нивниот правен застапник Венцислав Гушев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.