Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воведувањето ЕУ визи може да биде усвоено во септември

0
By Светлана Јовановска on July 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 9, 2013 14:36

Повторното воведување визи за Балканот мина уште една етапа оваа недела со тоа што Европскиот парламент (ЕП) постигна договор со земјите членки на ЕУ за привремено воведување на визите.

Овој договор не води директно во суспензија на визите но тој и овозможува на Европската комисија (ЕК) да одлучи дали да ја примени клаузулата за привремено укинување на визниот режим доколку биде под притисок на земјите членки.

Тања Фајон, словенечката европарламентарка која се бори да не дојде до укинување на визниот режим, за НОВА вели дека е разочарана од исходот на двете години преговори за да не дојде до укинување на визниот режим. Финалниот компромис што го постигна известувачот на ЕП шпанскиот демохристијанин Аугустин Диаз де Мера му ги одзема на ЕП овластувањата да ги набљудуваат одкуките на земјите членки и ќе овозможи привремено воведување на визи.

„Ако се усвои овој компромис во сетемврим стравувам дека се движиме кон воведување на визен режим за една или повеќе земји од Балканот”, вели Фајон. Таа додава дека земјите членки во повеќе наврати ги предупредувале балканските држави за овој ризик, а овие аргументи биле употребувани и во избирната камапања во Германија.

„Треба да се знае дека овој суспензивен менахизам за укинување на визите никогаш не треба да биде користен како политичка алатка но, во сегашните услови, мислам дека се движиме во погрешната насока”, вели Фајон која го цитира извештајот на Фонтекс, агенцијата за надворешните граници на ЕУ, според кој бројот на азилантите од Балканот во првите месеци од 2013 година е 20 отсто помал отколку во 2012 година.

За 2012 година бројките се поинакви. Бирото за азиланти на ЕУ во најновиот извештај наведува дека во 2012 година бројот на азиланти од Западниот Балкан се зголемен за 49 отсто со што Балканците го надминуваат вкуниот број на баратели на азил од Сирија и Авганистан. Вкупната бројка вели дека 53.000 Балканци побарале азил во ЕУ во споредба со 335.365 азиланти од другите региони во светот во текот на 2012 година.

Највисокото ниво на азиланти се бележи во октомври а најниското во март и Бирото најавува извештај посветен исклучиво на Балканот наесен.

Овие бројки веќе одамна ги натераа земјите членки на ЕУ да побараат сусензија на визниот режим за Балканот и пред се за Србија и Македонија од каде доаѓаат најголемиот број азиланти. Договорот на ЕП со земјите членки на има поддршката на групите на демохристијаните и либералите.

Следната недела земјите членки ќе дискутираат за договорот со ЕП и доколку дојде до компромис на двете институции – ЕП и Советот на министите – документот ќе биде најверојатно изгласан во септември. Со ова ќе се отвори портата со која ЕК ќе може, на барање на било која земја членка, да ги укине привремено визите. Укинувањето би било од 6 месеци но потоа може да се биде продолжувано.

Процедурата почна во октомври 2012 година кога Франција, Германија, Белгија, Луксембург, Холандија и Шведска констатираа дека бројот на баратели на азил од Србија и Македонија е енормно зголемен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.