Published: Wednesday, December 19, 2018 09:18
Полициски службеник А.Б. од Полициската станица Гази Баба е загинатото лице во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во скопската населба Хиподром, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
– Товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје утрово во 5:50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР, а управувано од А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место, информираат од МВР.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје раководи со увидот на самото место.
Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз што се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈОРМ.




