Без никакви посериозни повреди, возачот кој вчера ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска во сообраќајна несреќа кај трговскиот центар Зебра, денеска ќе биде пуштен од болница и предаден на истражните органи, дознава НОВА од извори од скопските клиники.
Возачот бил на 37 годишна возраст, а освен него во возилото „опел корса“ се наоѓала и неговата сопруга, која не се здобила со никакви повреди.
Во несреќата кја се случи синоќа, возилото излегло надвор од коловозот, удрило во метална ограда, скали и во излог од еден од локалите на улицата „Народен фронт“.
Увидна екипа на СВР Скопје раководена од јавен обвинител извршила увид на местото на несреќата во присуство и на овластено лице од судска медицина и вешто лице по сообраќајни незгоди.
Од местото на настанот земени се траги, материјали и возилото за вештачење заради утврдување на причините поради кои е дојдено до сообраќајната незгода.
Како последица на несреќата, Во сообраќајна несреќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио. Нејзиниот погреб ќе биде извршен утре, на гробиштата во Ѓорче Петров.




