Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воздух убиец: Во цела Македонија синоќа имаше енормно загадување

0
By Нова ТВ on January 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во цела Македонија синоќа нивото на ПМ10 честичките беше енормно високо и буквално граѓаните дишеа отрови. Нема информации од каде толка степен на загадување од ПМ 10 честичките. Утринава нема толку големо загадување иако, загадувањето е високо во Центар, Карпош, Лисиче, во скопко Миладиновци и Тетово.

 

Според мерните станици на Министерството за животна средина, синоќа најзагадено било во Битола, со концентрацијата на  ПМ10 честички од 995. По Битола, следува Гази Баба во Скопје, каде се измерени 727 ПМ10 честички. Во Куманово ситуацијата беше страшна со измерени 720, а по него е Карпош со 715. Стандардно на листата е мерната станица Ректорат, кај Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје со 670. Како и Лисиче каде концентрацијата на отровните ПМ10 честички изнесуваше 719.

Со зелена боја беше обележано само Лазарополе, а денес со оваа боја се обележани и Кочани и Битола. .

Локалните власти, но и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по завршување на изборите воопшто не го спомнуваат загадениот воздух. Оваа тема, која е една од најприоритетните за граѓаните, за нивното здравје, беше актуелна единствено за време на изборната кампања како можност за привлекување на некој глас.

Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија за нивоата на загадување на воздухот дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ 10 честичките не смее да биде поголема од 40 микрограми на метар кубен.

Овие честички се сметаат за опасни поради нивните милимикронски димензии и формата на мало ноженце со која при вдишувањето, тие навлегуваат длабоко во дишните патишта, а оставаат фатални последици по здравјето на човекот.Но, во Македонија речиси стана секојдневие во дел од градовите ваквите честички и до десетпати да ја надминуваат границата.

 

 

загаден воздух ПМ10
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.