НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработени во културата повторно протестираа пред Владата, им се придружија и вработени во други институции и министерства

0
By Ана Василевска on April 4, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Протест на вработените во култура
Протест на вработените во култура
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска, повторно како и претходно неколку дена, протестираа пред Владата. Преку мирен протест изразуваат незадоволство поради како што велат, нивните недостоинствени месечни примања.
Како што наведуваат, во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на речиси 70 отсто од вработените се под просечната плата во државава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата била и по 10.000 денари.
На протестот беше нагласено дека вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со закон се зголемија за 30 проценти.
Бранко Костоски, претседател на Синдикакна организација при Министерство за култура на УПОЗ, потсети дека десетина дена, вработени во Министерство за култура, Управата и Агенцијата, мирно протестираат пред Влада и Министерство за финансии.
„Идентитетот на државата е културата, а лицето на Владата е администрацијата. Ние сме можеби мала, но значајна алка за да врват работите“, порача тој во името на сите што протестираат.
Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), појасни дека протестот се проширува и дека во него сега се приклучиле и вработени во Државен завод за статистика, министерствата за животна средина, земјоделство, транспорт и врски. Протестот веќе не бил само на вработени во култура, туку и за сите административни службеници што се во опфатот на синдикатот на УПОЗ.
„Вчера колегите од земјоделство кажаа. Ако не се покачат платите по примерот на Министерство за финансии, веќе субвенции нема да се делат“, најави Деаноски, нагласувајќи ја важноста од работењето на сите оние вработени што сега протестираат.
министерство за култура протест синдикати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.