Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вработените во „Алкалоид“ донираа 1,2 милиони денари за борба против загадувањето

0
By Нова ТВ on September 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 28, 2019 14:24

Милион и двесте илјади денари донираа денеска повеќе од 3000 посетители, вработени во Алкалоид и нивни пријатели, на хепенингот кој 9 година по ред го организиира  Фондацијата „Трајче Мукаетов“  и „Алкалоид“.

Собраните средства ќе бидат донирани на здружението на граѓани „О2“ – иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна околина.

,,Особено сум горд што традицијата на донирање и помагање на заедницата во која сите ние живееме и функционираме продолжува веќе деветта година по ред и станува сѐ помасовна. Кога се решаваше прашањето за намената на овогодинешната донација, кај сите консултирани веднаш добивавме акламација истата да биде наменета за борба против загадувањето. Навистина ми е драго што вработените во компанијата, нивните семејства и пријатели денес даваат мал но значаен придонес за кревање на свесноста за сериозноста на оваа појава. Проблемот со загадувањето на животната околина е горлива тема која непосредно нѐ засега сите нас! Ако чистата животна околина значи ЗДРАВЈЕ и претставува колективна одговорност, тогаш верувам дека нашиот партнер на овој настан, граѓанската иницијатива ‘О2’ е легитимно избран и дека денешната донација ќе ја искористи за една навистина благородна цел: подобрување на квалитетот на животна околина, а со тоа и квалитетот на животот воопшто!” – рече Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје.

Претставничката и еден од основачите на иницијативата „О2“, г-ѓа Ели Пешева, кажа дека поддршката од „Алкалоид“ е доказ дека работите се придвижуваат во позитивна насока и во пракса, а не само теоретски.

„Имаме проблем со загаден воздух, вода, почви, нема сегмент кој е чист, здрав и безбеден за граѓаните, пред сѐ за децата. Како активисти-волонтери, ние се трудиме да работиме на подигнувањето на јавната свест, но и да ги мотивираме и поттикнеме одговорните институции, сериозно да ги третираат последиците од загадувањето, за нас веќе карактеристично во текот на целата година, а не само за време на зимскиот период. Благодарение на поддршката од ‘Алкалоид’ веруваме дека и на терен ќе можеме да покажеме дека со добро осмислени проекти и акции, секој од нас може да биде и корисен и одговорен кон животната средина рече  Пешева.

 

Алкалоид Мукаетов Хуманитарен пикник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.