Published: Sunday, December 8, 2013 10:31
Државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2013 година денеска во Собранието на Република Македонија ќе им биде врачена на годинашните добитници.
Лауреати: проф. м-р Аџи Фида за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието и образованието, примабалерината доц. м-р Александра Мијалкова- во областа на културата и уметноста и во областа на здравството проф. д-р Никола Јанкуловски и д-р Коте Тасевски, специјалист ендодонт.
Ова е одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот на седница одржана на 18 ноември.




