Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вранишковски: Богослужевме по приватни куќи, станови и подруми, по 22 години жртва стигнавме до нашето единство

0
By Соња Крамарска on May 19, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Вранишковски на заедничката литургија минатиот четврток во Белград
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Незнам кога ми беше поголема радоста. Кога го примав томосот за автономија на Православната охридска архиепископија од рацете на блажениот патријарх Павле, или денес кога се воспоставува потполно литургиско општење со сите архиереји на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Ако смеам да избирам би дал предност на денешната радост“, рече денеска архиепископот охридски и митрополит скопски Јован Вранишковски, на денешната заедничка литургија меѓу ПМЦ-ОА и СПЦ.

Вранишковски му се заблагодари на архиепископот Стефан, како што рече на „подготвеноста за лична жртва, да ги поднесе озборувањата на нецрквените луѓе во Северна Македонија“.

Најавувајќи го настапот на Вранишковски, патријархот Порфириј рече: „Сега сакам да му дадам збор на вам сите познатиот Јован да ви упати неколку зборови“.

Вранишковски во својата беседа им оддаде големо признание и почит на архиереите од Македонската православна црква, на чело со архимандрит Стефан, кои претрпеа, рече, неразумен и антицрковен притисок на јавноста во Република Северна Македонија.

„Треба да им се оддаде голема почит и благодарност на архиереите на МПЦ на чело со архиепископот Стефан кои ги издржаа сите неразумни противцрквени притисоци од јавноста во Република Северна Македонија. Велам противцрквени притисоци бидејќи тие луѓе не се интересираа за канонско и црквено решавање на долгогодишниот проблем, туку повеќе ги интересираа националните, реалполитичките, геополитичките состојби“, рече Вранишковски.

„Во оваа прилика би се заблагодарил на архиереите на православната Охридска архиепископија, чесното свештенство, од кои некои дојдоа од Република Северна Македонија само за оваа прилика, на преподобното монаштво, и особено на верниот народ кој со години црковно служеше во приватни куќи, станови и подруми кои беа богослужбена места на православна Охридска архиепископија. Тие издржаа не само тешки услови за богослужење, туку и тешки услови за постоење, под закани за прогон и затворање, но кога е тоа жртва за единство на Црквата, тие со радост го издржаа. Затоа не можам денес да не им се заблагодарам бидејќи токму поради таа нивна 22 годишна жртва ние денес стигнавме до нашето единство“, рече Вранишковски. (С.К.)

заедничка литургија Јован Вранишковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.