Еден од сопствениците на Табернакул, Враживирски се заканил со тужба кон проф. Мимоза Ристова, после писмото до Памук да одбие да ја прими од рацете на македонскиот „Ердоган“ (како што го нарекуваат Премиерот Груевски) книжевната награда на издавачката куќа Табернакул, изјави Ристова за НОВА.
Ристова е еден од потписниците на петицијата која му е испратена на Памук, а иницијативата е на Марин Гермов, односно актерот Марин Бабиќ. Во телефонски разговор со Враживирски, како што изјави за НОВА Бабиќ, му предочил на сопственикот на Табернакул дека може да го смени правилникот и премиерот Груевски по секоја цена не мора да биде покровител. Ваков потег повлекол Бабиќ пред неколку години, кога претседателот на Собранието бил покровител на манифестацијата Глумците пејат во 2006, а тој не се согласувал со таа одлука и токму заради тоа и го сменил правилникот.
Група македонски интелектуалци го повикаа нобеловецот Орхан Памук да одбие да ја Еве го писмото коешто во име на групата интелектуалци го испорача проф. д-р Мимоза Ристова и го објави на својот фејсбук профил.
Писмо до Орхан Памук:НЕ за награда од македонскиот „Ердоган“
„Добро познато е дека сте остар критичар на режимот во Турција, раководен од премиерот Ердоган. Колку што ни е познато, бевте уапсен поради поддршката и личниот ангажман кога се приклучивте на протестите на плоштадот Таксим во Истанбул.
– Застанавте покрај многу наши колеги уметници, студенти и интелектуалци во првата линија на протестот, кревајќи го силно гласот против тиранијата и диктатурата. Вие лично бевте сведок на бруталното убиство на шест млади студенти. Бевте сведок кога г-динот Коч ги отвори вратите на неговиот хотел за да им понуди засолниште на демонстрантите.
– Ја искусивте забраната за слободен говор кога репресивниот режим ви забрани пристап на интернет, за да Ве спречат да го информирате светот за протестот во Истанбул и за вашата борба за слобода и за демократија. Тогаш повторно Ви помогна г-дин Коч.
– Ние, потписниците, го пишуваме ова писмо до Вас поради фактот дека годинава сте добитник на книжевната награда на „Табернакул“. Оваа награда е поддржана и ќе Ви биде врачена од нашиот „Ердоган“. Ни изгледа целосно неприфатливо да ја прифатите и примите оваа награда. Ве молиме одбијте да ја примите оваа награда. Така ќе ни помогнете во нашата битка против тираниијата и диктатурата во нашата земја. Се надеваме дека повторно ќе го кренете својот глас против угнетувањето. Ви благодариме за времето, Вашето внимание и поддршката“, гласи писмото кое во име на група македонски интелектуалци му го испрати проф.д-р Мимоза Ристова на нобеловецот Орхан Памук.
На ФБ страницата на Памук веќе се разви дебата меѓу поддржувачите и противниците на оваа иницијатива, а бројот на оние на кои им се допаѓа порасна на 250.




