Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен и апелационите судови да ја преиспитаат казнената политика за кривични дела во сообраќајот, бара Судскиот совет

0
By НОВА ТВ Balaban on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнително, членови на Судски совет, во својство на координатори на судови, ќе направат увид во неколку предмети од областа на сообраќајот кои се водат во некои од судовите, а за кои во последно време има реакции во јавноста.

Судскиот совет испрати барање до Врховниот суд, како највисок суд, кој според Уставот обезбедува единство во примената на законите и воедначување на судската практика, со кое укажува дека судот е неопходно да ја преиспита казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот.

Во дописот до Врховен суд, Судскиот совет наведува: Согласно член 101 од Уставот, Врховен суд обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите. Врховниот суд преку обезбедување единство во примената на законите ја воедначува судската практика. Затоа е формирано одделение за воедначување на судската практика во рамките на Врховниот суд.

Заради постигнување на оваа цел, согласно член 37 од Законот за судовите се предвидени начелни ставови и начелни правни мислења за обезбедување единство во примена на законите. Тргнувајќи од стратешката цел на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судовите и зачестените реакции во врска со актуелни предмети по однос на изречени санкции од областа на сообраќајот, особено за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Судскиот совет укажува на невоедначена судска практика по однос на казнената политика. Оттаму и потребата да се преиспита казнената политика, односно да се обезбеди единство во примената на законите.

Судскиот совет напоменува дека вакво барање до Врховен суд е испратено и во септември 2020 година, поттикнато од невоедначената судска практика и од поднесените голем број претставки од граѓани до Судскиот совет во врска со изречени санкции за кривични дела од областа на сообраќајот.

Барање со слична содржина од страна на Судски совет е испратено и до апелационите судови во Скопје, Битола, Штип и Гостивар, со цел и тие да се вклучат во процесот на воедначување на казнената политика во врска со кривините дела од областа на сообраќајот. Во дописот до апелационите судови се наведува: Имајќи предвид дека апелационите судови, најчесто два пати во годината, расправаат за правни прашања за кои не е усогласена судската практика, Судскиот совет дава целосна поддршка судовите да продоложат со ваквата практика, особено што во изминатиот период на различни апелациони подрачја се зачестени појавите на невоедначена судска практика за кривични дела од областа на сообраќајот.

Дополнително, членови на Судски совет, во својство на координатори на судови, ќе направат увид во неколку предмети од областа на сообраќајот кои се водат во некои од судовите, а за кои во последно време има реакции во јавноста.

бара Врховен суд казнената политика преиспита сообраќајот Судскиот совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.