Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен потврди – пет години затвор за Љубе Бошковски

0
By Нова ТВ on May 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховен суд ја потврди пет-годишната затворска казна за Љубе Бошкоски, лидерот на Oбединети за Македонија за кривичното досие „Кампања“, објави А1он.

Извори од Врховниот суд за порталот потврдиле дека пресудата е донесена и предадена на
понискиот, Апелациски суд кој пресуди пет години затвор за две кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ и „Незаконско финансирање кампања“.

Апелацискиот ја намали првичната казна од седум години која ја изрече Основниот суд. Со ова завршуваат можностите на Бошкоски пред домашните судски истанци и му останува евентуално судот во Стразбур. Изворите на А1он потврдуваат дека врховните судии не утврдиле повреда на постапката и прекршување на материјалното право, односно дека судот правилно ги утврдил фактите.

Делото со злоупотреба на службената должност и овластување е направено пред изборната кампања за изборите 2011-та, додека другото за незаконско финансирање за време на кампањата. Бошкоски е во Идризово- две години од казната му истекоа- има уште три доколку не се случи порано да биде ослободен. Од кабинетот на претседателот Иванов тврдеа дека немаат начин како да го помилуваат затоа што шефот на државата повеќе го нема правото да помилува по сопствена иницијатива, односно дека Бошкоски мора да поднесе официјално барање преку судот и да се обиде да му се намали казната преку редовната законска процедура.

Освен за предметот „Кампања“ на Бошкоски му се заканува и затворска казна за ликвидацијата на Марјан Тушевски и Киро Јанев во досието под име „Ровер“. Во тој судски процес во тек е испрашување сведоци. Продолжението е закажано за 20 мај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

ВЕСТИ October 3, 2025

Летовите на аеродромот во Минхен беа откажани синоќа поради забележани дронови, соопштија рано утринава аеродромските…

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

October 2, 2025

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.