Врховниот лидер на талибанците Хибатула Акунџада, кој ретко се појавува во јавност, денеска побара од новата авганистанска влада да го применува шеријатскиот закон, пренесува Бета.
– Ги уверувам сите наши сограѓани дека владата ќе се стреми да ги почитува исламските правила и шеријатските закони во земјата, рече Акунџада во соопштението издадено на англиски јазик.
Талибанците денеска го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.