Published: Tuesday, August 27, 2013 17:12
Влажниот бран во Република Македонија ќе трае кратко. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат врнежи претежно ќе има денес и утре. И покрај врнежите во Скопје, во Гевгелија и денес е измерена температура до 35-от степен.
Утринската температура во среда, ќе се движи од 11 до 19 степени, додека попладне се очекува максимална дневна температура до 35-от степен проследена со променливо облачно време со локален пороен дожд претежно во северните и западните делови.
Времето ќе биде постабилно во четврток, со максимална дневна температура до 35-от степен, додека во петок до 34-от степен. Појава на локални слаби врнежи се очекува во западните и северните делови.




