Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врвот на Златна зора официјално обвинет

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на крајнодесничарската партија „Златна зора“ и уште четворица пратеници од партијата синоќа беа официјално обвинети за учество во криминална организација со цел за извршување на злосторства.

Апсењата покажуваат дека грчката Влада се обидува да ја уништи партијата позната по својата жестока антиимигрантска позиција.

Уапсени се лидерот на „Златна зора“ Никос Михалолиакос, портпаролот на партијата Илиас Кадидиарис, Јоанис Лагос, Никос Михос и Илиас Панајотарос. Се трага по уште еден парламентарец, Христос Папас, се наведува во соопштението на обвинителството.

Во акцијата се приведени уште 15 лица, вклучително 13 членови на „Златна зора“ и двајца полицајци. Се очекува тие да бидат изнесени пред обвинител и истражен судија. Обвиненијата против нив се истите. Во соопштението на обвинителството се наведува дека уапсените и лицата по кои се уште се трага се осомничени за убиства, напади, експлозии и уцени.

Портпаролот на полицијата Христос Пагонис изјави дека контратерористичките единици се уште трагаат по 12 осомничени, вклучително еден пратеник.

При претресот на домот на лидерот на „Златна зора“ се запленети два пиштоли, оружје без дозвола, голем број муниција и над 43.000 евра во кеш. Одземени се и компјутери.

Грчката Влада нареди истрага против „Златна зора“ по убистото на раперот Павлос Фисас, на 18 септември, од човек што се декларирал како член на „Златна зора“.

Според грчкото антитерористичко законодавство, учеството во престапна организација е тешко кривично дело, за кое пратениците од „Златна зора“ може да бидат судени и без да им се одземе пратеничкиот имунитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

ВЕСТИ October 3, 2025

Петнаесетина дронови ја надлетаа белгиската воена база „Елзенборн“ во источната покраина Лиеж, потврди канцеларијата на…

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025

Дронови го затворија аеродромот во Минхен – откажани 17 летови

October 3, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.