Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор директор на Фондот, непотребен трошок на државата

0
By Нова ТВ on February 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2014 13:09

Собранието на 85-тата седница, по брза постапка го изгласа Законот со кој со Фондот за здравствено осигурување останува да раководат двајца директори со врзан потпис . Иако опозицијата жестоко се противеше со образложение дека постоењето на двајца директори, не само што не донесе никаква корист, туку репродуцира дополнителни трошоци, законот сепак со 62 гласа „за“ беше изгласан.

-И покрај нашите укажувања на комисија, дека двајца директори со врзан потпис, со менаџерски договор, ќе носат и понатаму штета на Фондот за здравство, вие решивте и во овој закон со членот 57 да понудите две лица за директори, рече Билјана Казанџиска на вчера доцна попладне на петтото продолжение на собраниската седница.

Казанџиска ги потсети пратениците дека Влада иако доведе „стручно” лице за здравствен менаџмент од Словенија за да го стави фондот на здрави нозе, тоа не се случи.

-За Ревизорите спорна беше исплатата на платата на тогашниот директор Јанез Јелникар од 2300 евра. Тој имаше на располагање и неограничени телефонски разговори , еднаш месечно авионска карта до Словенија и пет дена во годината образование во странство, рече Казанџиска.

Иако вториот директор на Фондот треба да го подобри начинот на менаџирање, секоја година 30 милиони евра од буџетот завршуваат за пополнување на дупките на Фондот.
Со реформите во 2007-ма година и болниците добија по двајца директори, за да се намалат долговите и да нема злоупотреба и криминали.

И покрај тоа болниците потонаа во долгови кои во 2009-та Владата им ги прости. Од 2009-та година до ноември 2013-та година долговите на болниците изнесуваат 45 милиони евра. Експертите оваа реформа ја оценија како неуспешна, бидејќи вторите директори донесоа само поголеми трошоци, нивните плати се товар на ограничените буџет, исто како и управните одбори за кои се плаќаат луѓе од надвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.