Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби и во вториот натпревар на овогодинешниот Евробаскет во Словенија. Кошаркарите на Литванија со резултат 75-67 беа поуспешни од избраниците на македонскиот селектор Алеш Пипан.
Калнеитис со 17 поени ги предводеше Литванците до победата, додека Мачиулис уфрли 14, а Валанчиунас 11 поени.
Во репрезентацијата на Македонија, најпрецизен беше Владо Илиевски со 13 поени, Антиќ запиша 12 поени и 8 скока, додека Бо Меккејлеб постигна 11. Најголем проблем за македонските кошаркари беше слабиот шут. Постигнавме само 6 тројки од 28 обиди и 17 успешни обиди за два поена од вкупно уфрлени 35.
Србија и Летонија се први со максимални две победи, Црна Гора и Литванија имаат по една победа и пораз, додека Босна и Македонија се без победа. Утрешниот натпревар во салата во Јесенице, Македонија ќе го одигра против Србија.
Во останатите натпревари од групата на Македонија, Црна Гора изгуби од Латвија со резултат 72-73, а Србија ја победи репрезентацијата на Босна и Херцеговина 77-67.
За издвојување е и поразот на првиот фаворит на првенството, Шпанија од домаќинот Словенија со резултат 69-78.




