Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втор случај на мали сипаници во државава

0
By Marija Todorovska on September 5, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 5, 2024 16:28

Втор случај на мали сипници е евидентиран во државава. Станува збор за 12-годишен жител на село Долно Коњаре, Петровец. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 30 август со ситно – црвен исип, најпрво на лицето, а потоа и на градите и грбот, покачена температура, секрет од носот, конјуктивитис, кашлица и повраќање, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– На 2 септември, детето е прегледано од страна на матичен лекар и поради сомнение за мали сипаници, препратено е на УК за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, од каде е препратено за доиследување во Одделението за вирусологија при ИЈЗ, каде се земени урина, крв и брис од нос и грло за анализа како и на РТГ одделот во склоп на УК ТОАРИЛУЦ за РТГ снимка на бели дробови. Со серолошко и молекуларно (PCR) испитување е потврдено заболувањето. Заболениот е на домашно лекување откако одбил хоспитализација, појаснуваат од ИЈЗ.

Детето било невакцинирано со МРП-вакцина. Како што наведуваат од ИЈЗ, живее во седумчлено семејство – двајца родители и пет деца. Во однос на вакциналниот статус на семејството, три деца биле вакцинирани со две дози МРП-вакцина, две деца не биле вакцинирани. Родителите биле уредно вакцинирани, согласно возраста.

– Семејството престојувало во Нови Пазар, Република Србија од 10 до 24 август. Патувале со сопствено возило. Во Нови Пазар, дете на шестгодишна возраст било со дијагностицирани мали сипаници за време на нивниот престој. По враќањето од Нови Пазар, немало контакт со останатите членови од другите три семејства, кои живеат во ограден заеднички двор и не посетувало училиште, додаваат од ИЈЗ.

Во текот на годинава, пријавени се вкупно два лабораториски случаја на мали сипаници во државава. Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село.

Минатата година беше пријавен е еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани се вкупно 2.020 заболени од ова заболување. Епидемии се регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната регистрирана епидемија од ова заболување е регистрирана во 2018 година, а завршила во 2019 со вкупено 1.901 регистрирано лице, во 24 градови.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје 85,9 отсто.

– Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираат од Институтот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.