Почина пациeнт заболен од коронаворус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Смртта настапила ноќеска кога неговата здравствена состојба нагло се влошила, информираат од Министерството за здравство.

„Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на други, придружни заболувања“, се вели во соопштението.