Денеска во Брисел со посредништво на европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан ќе се одржи втората рунда преговори меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за решавање на политичката криза во Македонија.
Од СДСМ преговараат Радмила Шекеринска, Рената Десковска и Виктор Габер, а од ВМРО-ДПМНЕ министрите Никола Попоски и Никола Тодоров и пратеникот Илија Димовски.
Првата бриселска средба меѓу претставниците на СДМС и на ВМРО-ДПМНЕ се случи точно пред две недели кога се одржаа одвоени средби, прво меѓу СДСМ и европската парламентарна „тројка“ а потоа на ред дошле преговарачите од владејачката партија.
Првата средба беше иницијална и ставовите на партиите не се доближија ниту за милиметар, а од состанокот излезе само штуро соопштение според кое сите учесници се договориле дека разговорите ќе продолжат.




