Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Втора шанса

0
By Нова ТВ on May 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 3, 2019 09:26

Пишува: Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Во Северна Македонија, како и во сите други држави, живеат два вида луѓе: Такви со прогресивни идеи и ставови и такви со помалку прогресивни идеи и ставови. Прогресивните луѓе во Македонија ја разбираат суштината на постоењето на оваа држава како мултиетничка и мултикултурна. Тие знаат дека  уште од самиот почеток, оваа држава беше формирана како мултиетничка со заеднички потфат на сите кои живееле во овие простори и кои сакале да бидат слободни во својата земја. Прогресивните луѓе разбираат дека граѓаните на оваа земја не се делат на домаќини и гости туку сите припаѓаат тука. Прогресивните луѓе знаат дека ниту еден од граѓаните на оваа земја нема резервна држава, а сите имаат културни, јазични и етнички врски со сите други држави во регионот. Прогресивните луѓе во оваа земја се гордеат со различностите на граѓаните и тие се залагаат за зачувување токму на тие разлики, бидејќи знаат дека тоа е основната вредност на оваа држава, бидејќи навистина е драгоцена вредност човекот да порасне и да се развие во средина каде може да научи од самиот почеток на својот живот повеќе јазици, повеќе култури, повеќе обичаи. Таквото шаренило прогрсивните луѓе го носат гордо на своето чело и го штитат како заштитена вредност и богатство.

Прогресивните луѓе во Македонија искрено веруваат во западните демократски вредности, бидејќи само преку тие вредности тие можат да го зачуват токму таа драгоцена карактеристика на различноста. Тие веруваат во вредностите кои се промовираат во Европската Унија и кои се заштитуваат преку НАТО пактот. Прогресивните луѓе сакаат да бидат дел од тие вредности, сакаат да доживеат како е да се живее во нормална демократска држава каде што има достоинствен стандард и висок квалитет на живеење, каде има простор да се изразат сите мисли без страв од прогонување и каде стандардите на владеење на правото функционираат беспрекорно. Сон на секој прогресивен човек во Македонија е еден ден да достигне да живее во таква нормална, политички стабилна, правна држава.

Прогресивните луѓе во Македонија се уморни од сите изливи на национализам и шовинизам низ овие децении. Уморни се од сите фолклористички реторики кои упорно ја поцрнуваат токму суштинската карактеристика на државата, мултикултурализмот. Уморни се од целото лицемерие на бранење на шовинистички ставови полни со омраза и страв спрема различностите спакувани во обландата на легализмот или некаков си таканаречен патриотизам. Уморни се од националистичките реторики на политичките партии преку кои тие собираат дневнополитички поени со едниствена цел, да дојдан на власт и да владеат според одредени принципи кои не секогаш се државнички. Бидејќи во суштина, прогресивните луѓе во оваа земја се државнички ориентирани, за нив е важно на своите деца да остават подобра земја за живеење а не на својата партија да остават подобри услови за владеење.

Македонија преживеала преку повеќе несреќи во историјата, меѓутоа, во одредени моменти имала и голема среќа. Таков момент, на пример, беше минатата година кога во јуни беше потпишан историскиот Договор од Преспа. Среќа беше навистина, и тоа невидена, што во време на раст на популизмот и ксенофобијата во целиот свет, во овој мал дел од регионот двајца лидери со визија за иднината најдоа решение за еден спор кој не држеше заковани во место и ни отвори пат денес да бидеме на прагот на интеграцијата во НАТО и отворањето на преговори со ЕУ.

Таков прогрес за толку кратко време само прогресивни и државнички ориентирани луѓе можат да обезбедат. Со помалку прогресивни луѓе и лидери ќе тапкавме уште на место и ќе зборувавме за некоја далечна иднида кога со некоја друга среќа ќе се ослободевме како општество.

Прогресивните луѓе на оваа земја имаат втора среќа на петти мај. Не затоа што тоа е вториот круг на овие претседателски избори, туку заради тоа што по вторпат за само пет години можат да гласаат за Стево Пендаровски. Не сите држави и не сите луѓе имаат таква среќа два пати за пет години да можат да имаат достоинствен кандидат кој е меѓу најпрогресивните луѓе кои живееле во оваа држава.

Ако се следат неговите конзистентни ставови до сега може добро да се види токму неговото упорно залагање за тие прогресивни идеји кои ја истакнуваат различноста и мултиетничноста како карактеристики на оваа земја. Стево нема дилеми дека ова земја ја бидува само ако сите заедно се залагаме за прогресивни цели. Тој одамна тоа го сфатил, уште на времето кога се залагал за донесувањето и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој слободно зборува за сите проблеми кои се поврзуваат со државните, идентитетските и етничките прашања во оваа земја и во неговиот дискурс не може да се почуствува никаков страв, ништо од тој страв чии заложници се многумина во земјава, страв дека Албанците ќе им ја земаат државата, страв дека мигрантите ќе ги окупираат, страв дека семејните или патриотските вредности ќе пропаднат, и низа други стравови од кои пати напатениот граѓанин на оваа земја. Стево одамна разбрал дека најубавите работи се наоѓаат еден чекор понатаму од стравот и дека вистинскиот живот започнува таму.

Во 2014 година многу прогресивни луѓе гласаа за Стево. Гласаа сите тие кои веруваа и сеуште веруваат во тие ставови за кои тој се залага. Гласаа и спротивно од тоа што им беше кажано од разни партии. Бидејќи прогресивни луѓе има во сите политички партии и во сите етнички групи. За прв пат тие прогресивни луѓе во не толку далечната 2014 година се обединија околу ставот и личноста на Стево. Таа беше основата преку која истите тие прогресивни луѓе се поддржаа меѓу себе и од тогаш во сите други важни моменти во поновата историја на оваа држава делуваа заеднички. Така, таа прогресивна маса луѓе ја промени власта во 2016 година и и даде можност на новата влада да не води кон тоа за што мечтаеме со децении, реално приближување до интеграцијата во НАТО и ЕУ. Таа прогресивна маса луѓе во септември гласаше за интеграција во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од преспа.

Таа маса на прогресивни луѓе повторно ја има можноста на петти мај успешно да ја оствари целта која беше спречена да ја освтари во 2014 година, да избере прогресивен претседател кој ќе не води напред и кого со гордонст ќе го претставиме за наш претставник во прогресивниот свет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.