Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Од ЕУ ќе бараме за еден месец да ни одговорат дали постои Бриселскиот договор или не

0
By НОВА ТВ Balaban on September 21, 2021 РЕГИОН
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По седница на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес конференција, повикувајќи се на заклучоците од таа седница, изјави дека од ЕУ ќе побара во рок од еден месец да и одговори на Србија дали постои Бриселскиот договор или не, што е еден од условите за продолжување на дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ќе побараме итен одговор од претставниците на ЕУ за тоа дали постои Бриселскиот договор, кога ќе се формира Заедницата на српски општини (ЗСО), и тој одговор ќе го побараме во следниот еден месец. Нивното молчење ќе го протолкуваме дека Бриселскиот договор не постои и дека не сакаат да се формира ЗСО, изјави Вучиќ, додавајќи дека суштина на тој договор беше да се формира ЗСО.

– Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати во претходата состојба, а потоа да отидеме во Брисел за да разговараме за се и ако е можно да се договориме, кажа Вучиќ.

Тој порача дека Србија во следните неколку дена ќе ги разгледа мерките против Приштина, а потоа ќе излезе со нив.

– Сакаме да покажеме добра волја и да ја оставиме Приштина некое време да ги смени своите лоши одлуки, ако тие не сакаат, ние ќе преземеме мерки за заштита на Србија, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател исто така, рече дека го отфрлил предлогот што го добил вчера од ЕУ, како треба да изгледа, „наводното компромисно решение“.

Според предлогот, како што објасни, Албанците би се откажале 70 отсто од она што имале намера да го направат на административна линија, но би вовеле 20 до 30 проценти од новите мерки.

-Го отфрлив затоа што сум уморен од политиката на свршен чин, не можете така да разговарате со Србија, кажа тој,

Одговарајќи на прашањето што точно понудила ЕУ и Квинта, тој изјави дека Србија барала единиците на Росу да се повлечат без нивните услови.

– А тоа што ни го нудат би значело дека треба да бидеме среќни и задоволни и да викаме дека е прекрасно решение што ќе ни дадат пробни регистарската табличка и ќе ни стават налепници. Тие во иднина не би ни ги одземале табличките, ќе не пуштаат со КМ и ПР. Српските таблички од Косово би ги пуштиле како нивни граѓани, но не и граѓаните на централна Србија (Р.Србија). Тие би ја зеле златната средина, малку како да навиваат за нас за да овие можат ги постигнат своите цели, прецизираше Вучиќ.

Тој порача дека за време на кризата на северот на Косово, Србија ќе најде начин да му помогне на својот народ.

На седницата за национална безбедност на Србија, присуствуваа и премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана и полицијата, Небојша Стефановиќ, Александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ, директорот на БИА Братислав Гашиќ, претседателот на Српската листа Горан Ракиќ и други

На седницата се разговараше за актуелната состојба и можните мерки што Србија ќе ги преземе во оваа ситуација, за кои претседателот Вучиќ синоќа кажа ќе бидат „економски и политички, но пред се економски“.

 

Александар Вучиќ Бриселскиот договор ЕУ одговорат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.