Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ по средбата со Макрон: Очекувам Скопје и Тирана во март да ги започнат преговорите

0
By Нова ТВ on November 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очекувам преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија да бидат отворени во март, освен ако не се чека Самитот во Загреб во мај, изјави во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со неговиот француски колега Емануел Макрон, коментирајќи ги барањата на одредени земји за повторно ставање на гласање на одлуката за старт на пристапните преговорите со двете земји.

– Тие ќе го сторат тоа во март, бидејќи се плашат од резултатите од изборите на 12 април во Скопје. Тие не сакаат да бидат виновни за поразот на некој кому му ветиле нешто за нешто што тој направил, изјави Вучиќ, пренесува МИА од Белград.

Српскиот претседател по синоќешната средба во Париз со Макрон истакна дека иницијативата за укинување на бариерите за слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија е поважна од повлекувањето на признавањето на Косово.

На прашањето дали добил поддршка од Макрон за проектот „Мал Шенген“ и дали очекува притисок поради идејата, Вучиќ одговори дека оваа иницијативата нема да ја нарече со тоа име, иако веќе е влезена во секојдневна употреба, бидејќи тој назив „вознемирува некои луѓе, а и заради географската одредница“.

– Никој не може да каже дека таа иницијативата може некому да му пречи, затоа што не постои рационална причина за тоа. Иницијативата е поддржана од САД и Макрон тоа ќе го стори јавно. Но, на некои земји може да им се каже да речат дека се против тоа заради нешто, затоа што сфатиле дека ја земаме судбина во свои раце и самите ги решаваме сопствените проблеми, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека ни на членови на неговото семејство не може да им ја објаснам важноста на оваа иницијатива. – Постариот син смета дека е позначајно повлекувањето на признавањето на независноста на Косово, а тоа не е ни близу до тоа, рече Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека е неопходно „да се стави на видело“ европската иднина на регионот, додавајќи дека започнувањето преговори и потоа задржување десет години во отворање на поглавјата, само доведува до зголемување на бројот на противници на ЕУ.

– Макрон, за разлика од другите, ја кажува вистината и не е лицемерен, додаде тој.

Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Мировниот самит во Париз се сретна со Макрон. На 22 овој месец, тој ќе оди во официјална посета на Србиуја каде ќе има средба со Вучиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
ФОКУС

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

ВЕСТИ December 14, 2025

Илјадници граѓани излегоа на улиците на унгарската престолнина во саботата, барајќи оставка од премиерот Виктор…

Црна Гора ита кон ЕУ – овој вторник затвора пет поглавја во преговорите со ЕУ

December 14, 2025

Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

December 14, 2025

По протестот на родителите од Кочани нови обвиненија – за „попречување на правда“

December 13, 2025
ТИКЕР

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025

Голем пожар во Хрватска – над 60 пожарникари на терен

December 13, 2025

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.