„ Знам дека повеќето луѓе ги интересира што ќе кажам за палењето на знамето, но рационално посматрано, мораме да гледаме во иднината и да разбереме кога тие се лутат кога ние ги палиме нивните знамиња, а тоа се случи пред доаѓањето на Еди Рама во Србија. Нема да влегувам во нивните внатрепартиски причини но секако дека е недопустливо да ги сквернавите симболите и мислам дека Албанија реагираше промптно, сериозно и одговорно и тоа е наша работа истото да го направиме, изјави српскиот претседател Вучиќ.
Полицијата во Албанија уапси две лица кои се осомничени дека го запалиле српското знаме за време на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“.
Според албанскиот портал „Топ чанел“, уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави, Косово онлајн“.

