Полицијата во Албанија уапси две лица кои се осомничени дека го запалиле српското знаме за време на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“.

Според албанскиот портал „Топ чанел“, уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“.

На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, било запалено и газено српското знаме.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја предводат македонската владина делегација која учествува на дводневниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана.