Жителите на Вухан, кинескиот град од кој што почна ширењето на новиот коронавирус, полека се враќаат во нормала. Двојките кои го преживеаја сѐ ова, сѐ почесто решаваат да прослават со брак.
Според официјални бројки, барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто во последниот период.
Властите на Вухан официјално ја отворија службата за венчавки минатиот петок. Сепак, по долгото време на изолација, се претпоставува дека и бројот на разводот би можел да се зголеми.