Author: Blerina Tahiri
Четири новински организации категорично негираат дека имале претходно сознание за терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, по барањето од Израелската влада за одговори и кредибилност во врска со извештајот на про-израелското медиумско набљудувачко тело „HonestReporting“, во кој се наведени инсинуации дека новинарски организации знаеле претходно за нападот, пишува Си-Ен-Ен.
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Елисејската палата беше гостин на работната вечера што ја приреди претседателот на Француската Република Емануел Макрон, за шефовите на држави и влади учесници на Парсискиот мировен форум. Работната вечера во Елисејската палата, со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, е одлична можност, во пресрет на Парискиот мировен форум, да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот, објави Ковачевски на фејсбук. Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на отворањето на Парискиот мировен форум чија цел е поттикнување соработка и изнаоѓање решенија за предизвиците со коишто се соочува светот. На Форумот што…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во обраќањето по посетата на Скопската пиварница, рече дека очекува инфлацијата до крајот на годината да биде под шест проценти.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела.
Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на израелските заложници. Тој, исто така, посочи дека Израел „нема да дозволи влез на гориво во Газа“. Нетанјаху даде ветување дека победата ќе биде „остра и јасна“ и „ќе одекнува со генерации“. Израелскиот премиер ги предупреди „непријателите на Израел на север“ да не ја прават скапата грешка со ескалација на војната. – Не можете да замислите колку ќе ве чини тоа, истакна Нетанјаху.
ЏАБИР ДЕРАЛА Мицковски е како свената булка крај шините. Неговото деструктивно однесување во политиката, бескрајниот лелек, ирационалното инаетење и контрирање го оставаат сам, како цвеќенцето кое, кутрото, го употребив како метафора за неговата појава. Нека ми простат љубителите на флората.
Поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, соопшти МВР. -Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“., се наведува во соопштението од МВР. Посебен режим на…
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи и Редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА најостро го осудуваат актот на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој упадна во програмата, во емисијата „Само вистина“ и со директни и груби изрази го избрка од студиото гостинот Исмет Рамадани, угледен интелектуалец, поранешен пратеник и актуелен советник во владата, и прв човек во Евроатлантскиот совет.
– По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во септември 2023 година, цените на маслиновото масло, јајцата, путерот и компирот во ЕУ и натаму биле повисоки споредно со јануари 2021, но нивниот раст е со побавно темпо за разлика од претходните неколку месеци. Така, во септември годинава просечната цена на маслиновото масло била за 75 отсто повисока споредено со јануари…
Затворањата и ограничувањата воведени за време на пандемијата имаа „навистина трајни ефекти“ врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира истражување. Студијата покажа дека когнитивната функција и работната меморија кај постарите луѓе брзо опаѓале за време на пандемијата, без оглед на тоа дали биле заразени со Ковид-19. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија. Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон…
Во буџетските проекции за 2024 година не се предвидуваат нови, дополнителни даноци, ниту зголемувања на давачките, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што информира на средба со новинарите, предлог-буџетот се финализира и треба да биде доставен во Собранието до средината на ноември. Според министерот, догодина се очекува да продолжи трендот на раст и на фискална консолидација, дефицитот да оди надолу, а главните економски премиси, и покрај одржувањето на изборите, да продолжат да се гледаат како постулати за одржлив раст и одржливи финансии. Инфлацијата за октомври, нагласи Бесими, се очекува да биде уште пониска од септемвриската. Бројките, рече, може…
Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство и независната уредувачка политика. Цензурата и спречувањето на слободата на говор ги живеевме долги години и синоќа се потсетивме како изгледаат, истакна пратеничката Санела Шкријељ во изјава за Цивил. Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања, вели пратеничката. Не смееме да дозволиме урнисување на медиумите и повторно заробување на слободата на говор, како што впрочем имавме со години во времето на ВМРО ДПМНЕ. Слободата на медиумите е…















