Author: Blerina Tahiri
Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО на АЦВ, пак, е избрана Весна Милосавлевска, дипломиран правник од Скопје и вработена во ова регулаторно тело.
Активистот и политички аналитичар, Ацо Лукароски, вели дека „навистина паѓаат маските“. Тој во објава на Фејсбук ги коментира реакциите од одделни политичари кои му даваат поддршка на директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски, кој вчера направи инцидент и со упад во емисијата „Само вистина“, го избрка гостинот Исмет Рамадани. „Навистина паѓаат маските. Максим Димитриевски бара од Рамадани да им се извини на Канал 5 и да поднесе оставка од Евро Атланскиот Совет на Македонија. Иван Стоиљковиќ од Демократската патија на Србите во Македонија вели дека „маските паднаа“ и се докажало дека Рамадани не е умерен политичар. А и Павле Трајанов да…
Северна Македонија е лакмус тестот за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на министерска конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин.
Детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки, како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој, биле теми на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и претставниците на Општина Тетово.
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека повеќе од 9.000 Палестинци се убиени од избувнувањето на конфликтот со Израел на 7 октомври.
Она што се случи во средата навечер во директниот пренос на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5, уште еднаш ги докажува дивергенциите што постојат во нашето општество, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дритон Зенку, коментирајќи го синоќешниот телевизиски скандал на Канал 5 телевизија, во кој директорот на овој медиум побара еден од поканетите гости да го напушти студиото. Тие се рефлексии на моментот кои ја вадат оваа појава на површина. Поранешниот пратеник Исмет Рамадани е активен на јавната сцена повеќе од две-три децении и е сведок на меѓуетничка омраза од почетокот на политичкиот плурализам, но и порано. Рамадани…
Исмет Рамадани со своето гостување на Канал 5 телевизија покажа дека поддржувачите на слободата на говорот, политичката аргументација и квалитетната дебата се уште се борат со минатото, регресијата и цензурата, вели во изјава за ЦИВИЛ, новинарот Дестан Јонузи, по повод немилиот инцидент во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која се вмеша директорот Иван Мирчевски и буквално го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани. Како мирољубив човек кој верува во демократските вредности и човековите права, Рамадани во телевизиската дебата сакаше да ја објасни својата теза за изградба на заедничка држава, како и за почитување…
Сефер Селими од Демокраси Лаб на својот Фејсбук профил објави своја реакција за синоќешниот скандал во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. „Секој кој има грам достоинство и интегритет како јавна личност не треба да прифати покана за било каков настап во Канал 5 Телевизија, без тие јавно и недвосмислено да му се извинат на Исмет Рамадани и без оставка од нивниот директор.“, напиша Селими. Преземено: Цивил Медиа
Во интервју за ЗЕЛЕН Цивил, проф. д-р Огнен Марина, професор на Архитектонски факултет Скопје, зборуваше за образованието како клучен сегмент за зелената транзиција на Северна Македонија. Професорот, посочи дека ни е потребен мултидисцилинарниот пристап кон Зелената агенда за да имаме шанса за подобра и позелена иднина. Со проф. д-р Марина, зборувавме и за потребата од политички консезус за зелените прашања, можните злоупотреби, но и предизвиците и перспектвиите за зелените политики и процеси. ЗЕЛЕН Цивил: Колку е реална зелената агенда на Северна Македонија? Огнен Марина: Зелената агенда секогаш треба да се разгледува во одреден контекст кој што во случајот со нашата држава има…
Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на поранешните советници на поранешниот претседател Хашим Тачи, што косовските медиуми го нарекоа нов бран рации и опасен преседан. Во Косово се одвиваат протести – веќе десет дена протестираат рударите од Трепча, а по протестите Специјалната единица за интервенции на полицијата, денеска на протести излегоа и од Специјалната оперативна единица на КП, пишуваат косовските медиуми. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО РТВ 21: Нов бран рации во Косово Специјализираното обвинителство продолжи со рациите на имотите на…
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари работна средба со министерот за правда на Република Грција, Јоргос Флоридис.
Како поранешен член на Советот за радиодифузија денешна Агенција за аудио и визуелни медиумски услуги згрозен сум но не и изненаден од настапот на директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски, реагира во објава на Фејсбук Замир Мехмети за вчерашниот инцидент во емисијата Само вистина.















