Author: Blerina Tahiri

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека некои од акциите на Израел во војната против Хамас, како што е прекинот на снабдувањето со храна и вода за Појасот Газа, може да ги „закорават Палестинците со генерации“ и да ја ослабат меѓународната поддршка за Израел.

Read More

Водечките руски државни медиуми, Z-Телеграм каналите, но и еден бугарски информативен портал, Глас њуз. бг, шират дезинформации за наводна престрелка меѓу украинската војска и суданските вооружени сили во Судан. Како резултат на тоа, наводно загинале осум украински и 10 судански војници. Се наведува дека конфликтот настанал поради „поддршката на Украинците за нападите на Израел врз Појасот Газа“. Пропагандистите се повикуваат на „суданскиот медиум“ Ал-Машхад Ал-Јемени, пренесува Укринформ. Ова е лажна вест. На официјалната веб-страница на Ал-Машхад Ал Јемени не постои таков извештај објавен ниту на 15 октомври, кога руските медиуми почнаа да ја шират оваа „вест“, ниту на 14 октомври или порано. Сите активни хиперврски поставени на…

Read More

Најмалку 352 лица загинаа, а 669 се повредени во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа, објави во петокот портпаролот на Министерството за здравство на Газа. Агенцијата на ОН за палестински бегалци во петокот потврди дека се убиени уште двајца нејзини работници, со што бројот на загинати меѓу персоналот од почетокот на војната се искачи на 16. Вистинскиот број на жртви „веројатно ќе биде многу поголем“, се вели во извештајот, пренесува Вашингтон пост. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во петокот застана на преминот Рафах надвор од Појасот Газа опкружен со камиони со хуманитарна помош и рече дека е…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Кога бев страшно млад, со наполнети 16 години, од мојата провинција отидов во Скопје за да се занимавам професионално со кошарка; се имаше, се можеше. За факултет, пак, немав ниту пари, а богами немав ниту волја. Во тие 14 години професионална игра, се запишав еднаш на факултет за Физичка култура, а два пати на факултет за Политички науки. Во сите три случаи, во основа, немав пари, а немав ниту волја за да го завршам моето високо и формално образование. Ја знаете онаа позната реплика на Душко Долгоушко: „Тој има пет минути школо и петнаесет минути голем одмор“? Е,…

Read More

Ширењето дезинформации од македонските корисници на социјалните мрежи добива на интензитете со најновите случувања на Блискиот исток. Војната помеѓу Израел и Хамас ги поттикна македонските „ дежурни“ ширачи на лажни вести, дезинформации и пропаганда да ја засилат својата активност со цел да  ја доближат само ним познатата „вистината“ на „заблудената“ и  „неосвестена“ македонска интернет публика.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски вечерва истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите, посочувајќи дека шест месеци се чека Владата да предложи решение за платите на функционерите, кои беа зголемени за 78 отсто.

Read More

Израел го повлече дипломатскиот персонал од Турција, вклучително и амбасадорот, по серијата протести пред амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул, потврдија официјални лица во Анкара.

Read More

Парамаунт Глобал денеска соопшти дека го откажа доделувањето на Европските музички награди на МТВ (ЕМА) за 2023 година во Париз, наведувајќи ги како причина „нестабилните светски настани“ за време на конфликтот во Израел и Газа.

Read More

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, и близок соработник на рускиот диктатор Путин, тврди дека Бог го наредил создавањето на руското нуклеарно оружје за масовно уништување кое може да убие милиони невини луѓе.

Read More