Author: Blerina Tahiri

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск изјави дека израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, пренесе Скај Њуз, додавајќи дека „молкот на меѓународната заедница е срамен“.

Read More

Германската Влада планира да го интензивира протерувањето на лицата кои немаат право на престој во Германија, соопшти министерката за внатрешни работи Ненси Фесер по синоќешниот владин состанок во Берлин.

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска се поканети во Брисел на средби со лидерите на Европската унија. Ова е прва средба по нападите на северот на Косово кај Бањска на 24 септември. Денеска ќе има протест за поддршка на рударите од Трепча, откако рударите  стапија во штрајк со барања за редовни плати.

Read More

РИБАРО По долги перипетии, дискутирања и консултации, со моите блиски соработници, мој Викторе семоќен менторе, дојдовме до заклучок дека ТИ треба да бидеш шпицниот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за премиер на Македонија, му соопштил Мицкоски вчера во Будимпешта на унгарскиот премиер Виктор Оребан, дознава АХА.

Read More

Вкупно 704 луѓе во Газа се убиени во последните  24 часа, соопшти  палестинското Министерство за здравство. Според  извештајот, ова  е највисокиот број на дневна основа, објавен од почетокот на израелските напади врз Газа на почетокот на овој месец, пренесува CNN.

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во работна посета на Лондон каде што ќе присуствува и на настанот по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Read More

Во Германија се создава нова „про-путинстичкака партија“: Пратеничката на Бундестагот од Левата партија, Сахра Вагенкнехт, најави создавање партија која ќе се залага за укинување на антируските санкции, објави на Икс источноевропскиот медиум Некста.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи постоечката меѓународна коалиција, која се бори против терористичката „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, да се прошири и на борбата против Хамас во Газа.

Read More

Вкупната нето добивка на Хрватска од членството во Европската унија е 12 милијарди евра, а целта е да го достигне просечниот стандард во следните десет години, изјави денеска во Саборот, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Read More

Триесет илјади заинтересирани до утринава биле пријавени за вакцина против сезонски грип која почнува утре, потврди за МИА, Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Read More