Author: Blerina Tahiri

Европскиот совет денеска донесе одлука за бројот на пратеници до секоја земја членка на ЕУ кои треба да бидат избрани во Европскиот парламент за парламентарниот состав од 2024 до 2029 година.

Read More

Одделот за стратешки комуникации на Канцеларијата на врховниот командант на вооружените сили на Украина потврди дека одбранбените сили успешно извршиле напад врз седиштето на Црноморската флота на Руската Федерација во привремено окупираниот Севастопол околу 12 часот, јавува Укринформ.

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, се сретна со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на Канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.

Read More

Во првите осум месеци од годинава 1.000 жени во Хрватска се обратиле за помош во здружението Б.а.Б.е, а 426 се јавиле поради семејно насилство, истакна денеска водечкото хрватско здружение за заштита на женските и човековите права по повод 22 септември – Националниот ден на борба против насилство врз жените.

Read More

Секоја година, во овој период, очите на светот се вперени кон најголемиот собир, на кој политичките лидери на нациите ги изложуваат своите визии за иднината. Оваа година фокусот врз сите нас е можеби поголем од кога било претходно, а причината е во поразителниот факт дека најмал заеднички именител на емоционалната состојба на човештвото денес е ‒ стравот. Стравот од војни, од глад и сиромаштија, од пандемии, од еколошки катаклизми, страв за иднината на нашите најблиски. Ноторен факт е дека меѓународниот поредок е темелно разнишан на повеќе точки во светот.

Read More

Министерството за здравство информира дека има набавено за 50 отсто поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата, како што најавуваат, ќе почне кон средината на октомври.

Read More

Минатото е работа на историчарите кои ги респектираат фактите, истакнала министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска се обратила на меѓународниот научен симпозиум по повод 75 години од основањето на Институтот за национална историја во Македонската академија на науките и уметностите.

Read More

Министерот за правда Кренар Лога присуствувал на последниот состанок на работната група која го подготвува новиот закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предлагач на законот е Министерството за правда, а со работната група претседава вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Read More

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека САД очекуваат и Косово и Србија да ги спроведат сите обврски преземени со Охридскиот договор, и дека САД нема да дозволат нова „Република Српска“ во Косово, пренесуваат косовските медиуми. Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа заедничка изјава за безусловна поддршка на Украина, пишуваат албанските медиуми.

Read More

Втора година по ред, во услови на брутална и геноцидна руска воена агресија против независна, демократска и мирољубива Украина, се одбележува Меѓународниот ден на мирот. Темата на Обединетите Нации оваа година е „Акции за мир: Нашите амбиции за #ГлобалнитеЦели“, всушност, не ја отсликува мрачната реалност што на светот му ја наметна Кремљ.

Read More

Во своето обраќање пред делегатите на Генералното собрание на ОН, украинскиот претседател Володимир Зеленски како перманентна закана за светскиот мир ја посочи Русија која секоја деценија започнува нова војна.

Read More