Author: Blerina Tahiri
Косовската полиција во Јужна Митровица презентираше оружје, возила и работи одземени во Бањска во Звечани, еден ден по нападот врз неа од вооружени лица, во кој загина полицаец. Владиката Теодосије од Рашко- призренската Епархија на вчерашната посета на манастирот меѓу другото изјави дека во дворот е пронајдено огнено оружје, воена опрема итн., а „Српска Листа“прогласи тридневна жалост за смртта на тројцата српски напаѓачи кои беа убиени во Бањска по нападот врз косовската полиција.
Инцидентот во Бањска го погаѓа целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и вршат редовни анализи, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за белградска „Политика“. Верува дека Европската Унија и САД ќе застанат на патот на црните сценарија, јави дописникот на МИА од Белград.
Фасциниран сум како украинската држава функционира среде ракетен терор и геноцидна војна. Благодарен сум му на Претседателот Зеленски за орденот за заслуги. Му благодарам на нашиот Володимир и на нацијата-херој за пожртвуваната борба за слобода на Украина и за слобода на целиот свет! Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со УКАЗ ПРЕЗИДЕНТА УКРАЇНИ №556/2023, ми додели орден за заслуги. Веста за ова ја добив точно напладне, на 25 септември.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во Собранието изјави дека нема никаква вистина во тврдењето дека примил каков било допис или материјал од поранешниот премиер, Никола Груевски, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.
Американскиот претседател Џо Бајден и еден од неговите главни помошници предупредија дека блокирањето на федералната влада може да предизвика широко страдање, вклучително и брзо губење на субвенциите за храна за речиси седум милиони жени и деца со ниски приходи.
Шпанската полиција уапси свештеник на југот на земјата, кој наводно дрогирал и злоставувал неколку жени.
Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за модернизација и поедноставување на структурата на надоместоците што и се плаќаат на Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти шпанскиот министер за здравство Хозе Мануел Мињонес Конде.
Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува и ќе се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес што денеска се одржува во Тирана, Република Албанија.
Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Указот број 556/2023 го одликува Џабир Дерала со орден за заслуги, соопшти ЦИВИЛ денеска. Со истиот Указ, со орден за заслуги се одликувани и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и светски познатите актери, Ален Делон и Кетрин Денев.
Истражувачкиот филм „Нечиста крв“ во продукција на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и Македонскиот јавен сервис (МРТВ) ја доби наградата за истражувачко новинарство „Global Shining Light Award“ за истражувањето „Нечиста крв“ на 13. Глобална конференција за истражувачко новинарство (GIJN), што се одржа во Гетеборг, Шведска.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата останува на заедничкиот и принципиелен став дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.















