Author: Marija Todorovska
ЗОРАН ИВАНОВ / Цивил Медиа Се ближат избори и ќе има многу смешки барем судејќи по увертирите партиски лидерски како на пример ова со уште актуелниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе од пет цели години пека за предвремени и кои на крајот, по толку време, ги доби речи си како редовни и кој, еве, во предизборието им дава сесрдна поддршка на Беса, на Алијанса, на Меџити, на Алтернатива, на сите субјекти околу кои гравитираат гласачи Албанци освен, секако на ДУИ која, и според сигнали од меѓународната, на мајските избори треба да бидат кутнати не толку поради должината на владеењето,…
Гугл наскоро ќе започне кампања против дезинформациите во пет земји-членки на Европската унија, изјавија од компанијата во пресрет на европските избори и новите и построги правила за онлајн содржините.
Две противпожарни возила со шест пожарникари се уште го гасат пожарот што утринава изби во напуштена куќа зад хотелот „Вип“ во близина на трговскиот центар „Ист гејт мол“, информира командирот на Противпожарна бригада на град Скопје Звонко Томески.
Зоран Иванов: На доктор Арбен Таравари сепак ќе му останат рекордните изборни гласови кои било кога досега ги добил некој негов претходник како претседателски кандидат на државата Македонија, но ќе бидат тоа само гласови на утеха за преамбициозните политички пориви што му ги поматија неговите коалициски “мангупи”. Линк
Од понеделник (19 февруари 2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС-порака дека документот им е готов за да дојдат да го подигнат.
Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 16 март. Организациониот одбор денеска ги објави плакатот и програмата за карневалот, кој и годинава ќе трае 8 денови, од 13 до 20 март.
Несогласувањата меѓу претседателот на партијата Арбен Таравари и на претседателот на централното Собрание Зиадин Села, за политичкиот пат на двојните претседателски и парламентарни избори ја подели Алијансата за Албанците во три табори. Едниот е со Арбен Таравар, кој веќе е официјализиран како коалиција – со објавувањето на кандидатурата за претседател со албанските опозициски партии во рамките на коалицијата Европски сојуз за промени, другиот со Зиад Селен, кој сака самостојно да оди на избори и мал дел кои сметаат дека нивната партија треба да влезе во коалиција со ДУИ на Али Ахмети или во пошироката коалиција со СДСМ во рамките на…
Соединетите Држави се решени да продолжат силно да ја поддржуваат Украина со оружје, обука и професионални совети за употреба на тактики за војување од Запад, изјави во четвртокот портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, јавува дописникот на Укринформ.
Со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода, грчкиот Парламент кратко пред полноќ го изгласа законот за истополовите бракови.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат.















